Вчера, Роман Валутов пејачот од војниот хор на руските оружени сили „Александров“ по падот на рускиот авион во Црно Море беше прогласен за мртов, заедно со уште 92 патници и членови на екипажот, но подоцна се дозна дека е жив и дека не полетал за Сирија бидејќи уште во јули му истекла важноста на пасошот, пренесува Танјуг.
-Ја поминував пасошката контрола и службеничката таму ми рече: – Се шегувате? Вашиот пасош истекол уште во јули.
Валутов со загриженост чекал да дознае, дали ќе може да полета, но добил негативен одговор.
– Бев нервозен,но си отидов дома. Околу 3,30 утрово почнаа луѓе да ми ѕвонат и да ме прашуваат дали сум жив. Погледнав и се пронајдов на листата на погинатите. Плачев. Моите пријатели и роднини се шокирани, рекол Валутов.
Во авионот не влегол ни солистот Вадим Анањев, неговата сопруга тие мигови се породила и го замолила да остане дома за да и’ помогне.
-Се чувствувам како да ме удирале по главава. И натаму не можам да поверувам. Ми велат дека сум роден под среќна ѕвезда, додал Анањев.
Меѓу настраданите членови од рускиот хор се Ралина Гилманова (22) и нејзиниот свршеник Михаил, како и танчарите Олег и Екатерина Корзанов,кои имаат тригодишен син.
Пеачот Александер Шутко (30) објавил фотографија на интернет неколку минути пред авионот да се сруши во Црно Море.
Неговата сестра Ема рекла дека тој ја побарал и и’ рекол дека ќе и се јави подоцна.
-Но не не’ побара. Се обидовме да го контактираме, беше недостапен, рекла таа.
Руското Министерство за одбрана претходно ја објави листата на патници и наведе дека во авионот имало 65 официјални членови на војниот хор на руските оружени сили „Ансамбл Александров“ кои тргнале во руската база Хмеим каде што требало да учествуваат во прославата на Нова година,а со нив била и Елизабета Глинка извршната директорка на хуманитарниот фонд „Чесна помош“.
Спасувачките екипи ги лоцирале остатоците од леталото на околу 1,5 километри од брегот на длабочина од 50 до 70 метри. Авионот исчезнал од радарот во пет часот и 40 минути по московско време , кусо после полетувањето од Сочи.
Руски претседател Владимир Путин го прогласи денешниот ден – понеделник за ден на жалост на ниво на целата Руска Федерација.
Извор: РТС – Танјуг
Публицитет.мк