Во годината што ја испративме, покрај пандемијата и секојдневните информации за откриени нови соеви на коронавирусот, новозаболени, оздравени и за жал починати од Ковид-19, за мене најведар миг беше разговорот со малиот извидник Петар Ачкоски, кој не сака да јаде грашок откако ќе се искачи на врвот на планината.
Тој со својата искреност и досетливост не освои сите и на еден прекрасен начин не потсети дека треба повеќе да се смееме и што поскоро да се вратиме на љубовта, пријателството, дружењето и почитувањето…и на се што не прави среќни.
Публицитет.мк