• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Никола Упевче – Задоволен сум .Со мозаикот ќе го продолжиме животот на „вечните слики“

септември 1, 2015
in На минување
По неколку месечна интензивна градба вечерва свечено ќе биде отворен новиот плоштад непосредно до музичкото училиште.
Централно место на плоштадот зазема фонтаната на која е поставена мозаична декорација на рајските реки, дело на авторот Никола Упевче, конзеравтор – реставратор од Охрид. Ден пред настанот со младиот Упевче разговарвме за неговото учество во овој проект од неговата идеја до реализација на мозаикот.   
Ви требаше ли долго време да се одлучите како да изгледа мозаикот и кои се пораките што тој ги носи со себе?
 
Мозаичната декорација на фонтаната ја претпоставувува реконструкцијата на антропоморфните претстави за рајските реки од старозаветната илустрација на рајот опишана во Генезата 2; 8-14.
Работена е според оригиналните остатоци од подниот мозаик зачуван во крстилницата „Четири рајски реки“ (ГЕОН, ФИСОН и ЕУФРАТ), како и претставата за (ТИГАР) според „Портрет од 11 фрагменти” кој го составив уште во 2001година; Сите од поликонхалната ранохристијанска базилика,В-ВИ век од Плаошник. 
 
fontana 1 nikola
 
Оваа универзална приказна се испреплетува во сите досега познати епохи и цивилизации почнувајќи од сумерскиот еп за Гилгамеш, преку Библијата како и во Куранот. 
Била инспирација на повеќе светски уметници во Медитеранот.
Една од најстарите зачувани претстави која недвосмислено ги означува рајските реки е мозаичната декорација од крстилницата во Поликонхосот на Плаошник. Овие антропоморфни претстави на рајските реки се единствени целини и фрагменти сочувани во мозаична техника, како портерти од ранохристијанскиот период, пронајдени на територијата на Република Македонија.
Охрид е една значајна точка од мапата на светските културни наследства заштитени од УНЕСКО и не случајно е прогласен за „музеј на отворено“. Особено, се’ уште недоволно истражено и публикувано е мозаичното културно наследство од најразлични периоди. Во околината на Охридското Езеро пронајдени се вкупно 21 локалитет, со повеќе објекти декорирани со мозаик.
 Како автор, а воедно и како заштитар (конзерватор-реставратор) сум импресиониран од оваа сликарска техника која се надевам со сите овие потфати, си го враќа заслуженото место во јавноста и ја збогатува културната понуда од богатата ризница на Македонија.
nikola upevce
 
 Ден пред отворањето, какво е чувството на еден уметник? Нели велат дека во секое уметничко дело има нешто и од самиот уметник?
Прекрасно! Се чувствувам задоволен дека преку сите камчиња вметнати во мозаикот ќе го продолжиме животот на „вечните слики“- мозаиците и истите ќе ги пренесеме на идните генерации.
 
 Искуствата претходни со мозаиците?
Во моето 14 годишно искуство како автор и конзерватор-реставратор сум работел на повеќе од 1500м2 мозаични декорации како во државата така и надвор. 
Мои мозаици можат да се најдат во САД, Париз, Арл, Рим, Белград, Скопје… како и во мојот роден Охрид. 
dmajana fontana
 
ФОНТАНАТА – ФОТОГРАФИРАНА, ВЕЧЕРВА 
 
  Што моментално работите и кои се Вашите размисли?
Моментално се подготвувам за интервенциите на локалитетот Симонов Залив, Изола во Словенија каде што на покана на Реставраторскиот Центар од Љубљана сум ангажиран како консултант за изведба на реставраторски третмани на мозаиците од овој локалитет.
Преку моите лични контакти со конзерваторите и мозаичарите од регионот и светот, како дел од организацијата и учество на повеќе интернационални собири, конференции, форуми и работилници; овие искуства се збогатуваат, надополнуваат и разменуваат со цел подобро да се зачува оваа уметност.
Милчо Јованоски – Публицитет.мк 
Посетеност: 115
Share
Previous Post

Македонска убавица ја освојува Америка

Next Post

Септември е месец на филмски фестивали

Next Post

Септември е месец на филмски фестивали

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 115

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk