Деновиве во Скопје на пригодна свеченост во Музејот на македонската борба Здружението на Музички и балетски педагози на Република Северна Македонија организираше свечен концерт на кој им беа врачени и наградите на истакнати музички педагози од областа на музичката педагогија.
Награда за повеќегодишна работа од Охрид добија м-р Нина Момировска и Лилјана Булоска обете професорки во ОМУ „Методи Патче“ во Охрид.
На м-р Момировска ова е и втора награда, по првата за едногодишна работа добиена пред десеттина години. Новата награда е круна на нејзината секојдневна ангажираност како професор по флејта и добиените бројни награди на државно и меѓународно ниво и со нејзините ученици.
Слични награди и признанија годините наназад има добиено и нејзината колешка Булоска, која во музичкото години на ред предава солфеж и теорија.
Наградата за животно дело годинава му беше доделана на познатиот музички педагог Ѓорѓи Улишев од Гевгелија, познат во Охрид по организирањето на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“.
Публицитет.мк