• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 10, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Низ Македонија ќе поминат толку мигранти колку што ќе прими ЕУ

февруари 12, 2016
in Тикер

„Австрија годинава е подготвена да прими 37.500 бегалци, по што ќе биде принудена да ги стопира бегалците.

Македонија треба да се подготвува за ваквото сценарио“- оваа порака ја испрати австрискиот шеф на дипломатијата, Себастијан Курц, по средбата со домаќинот Попоски во Скопје. Нашиот министер, пак, рече дека низ Македонија ќе минат толку мигранти колку што ќе бидат примени во земјите- членки на Европската унија…

„Колку мигранти ќе влезат во Македонија, зависи од тоа колку ќе бидат примени во земјите на Европската унија“ – изјави министерот Попоски по средбата со неговиот австриски колега Себастијан Курц во Скопје. Рече дека Македонија е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за справување со кризата во координација со земјите низ кои минуваат бегалците. Гостинот предупреди дека Австрија за некој месец ќе го постигне максималниот број мигранти по што ќе мора да го стопира нивниот влез. „Македонија мора да биде подготвена на ваков чекор“, порача шефот на австриската дипломатија.

„Македонија мора да биде подготвена комплетно да го стопира влезот на мигрантите во нејзините граници, по Грција таа е првата држава која се соочува со мигрантите. Оттука знаеме дека oва е тешка задача и се договоривме дека Австрија ќе даде своја поддршка и тоа не само во форма на персонал од полицијата и војската туку и во опрема за да ѝ се овозможи на Македонија да се справи со предизвикот“, изајви Курц.

„Ја обезбедивме границата и ќе продолжиме да ја обезбедуваме и со помош на повеќе партнерски земји и Австрија, таа контрола ќе биде доведена на ниво на кое максимално ќе спречиме каков било влез. Единствениот начин за влез во Македонија ќе биде на место кое е легално обележано. А бројот на влезови ќе зависи од бројот на луѓе прифатени од ЕУ“, нагласи Попоски.

Дали ќе се отворат дополнителни кампови, според Курц, зависи од политиките што ќе ги водат државите кои се цел на бегалците. За решавање на политичката состојба во земјава, австрискиот министер ги повика Владата и опозицијата да ги почитуваат договорирте за да може да се обезбедат слободни и фер избори.

Извор: www.mrt.mk 

 

Посетеност: 122
Share
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ за „Титаник“: Нема да поддржиме незаконско и неуставно работење

Next Post

Медиумите потпишаа Повелба за етичко известување на изборите

Next Post

Медиумите потпишаа Повелба за етичко известување на изборите

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 122

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk