Непознат летачки објект се појавил на небото над Задар, а истиот го снимила една жителка во саботата навечер, околу три часот по полноќ. Бидејќи не можела да претпостави за што се работи, решила снимката да ја испрати на еден хрватски портал.
– Ви го праќам ова нешто, кое може ќе ве остави во чудење како што ме остави и мене. Навечер излеговме со друштво, но кога си одевме накај дома, околу 3 часот по полноќ нешто не зачуди, но и не исплаши бидејќи не знаевме за што се работи. Се надевам дека вие ќе откриете дали се работи за ѕвезди или метеори. Но, тоа не е можно, многу е близу, а има необичен облик како да се состои од повеќе светилки, напишала жителката.Дали вие можеби знаете што се наоѓа на снимката?
Извор: Идивиди. ком.мк