Втората половина од овој месец во кино салите своја премиера имаа навистина голем број на нови филмски остварувања од сите жанрови. Овојпат Вашето внимание ќе го задржиме на осум нови наслови од различни жанрови , меѓу нив и неколку со предзнакот на Божиќни филмови наменети за периодот на предстојноте празници, кои пак и практично започнаа со вчерашниот потрошувачки „ Црн петок“.
Но за разлика од трговците кои сакаат да се отарасат од некои производи нудејќи ги со пониски цени, кино пркажувачите нудат нови филмови за добро предпразнично расположение. Еве неколку наслови кои им се понудени на љубителите на филмот во втората половина на предпоследниот месец од годинава што полека изминува:
ЧУДО
Филмот „ Чудо“е снимен врз бестселерот на „Њујорк Тајмс“ и ја раскажува неверојатната и инспиративна приказна за Аугуст Пулман . Тој има голем деформитет на лицето , иако неговото мало тело и мозок се сосема нормални. Токму тоа е причината заради која првите десет години од животот да ги помине во домашно школување . Кога тој ќе тргне во петто одделение , Аугуст мора да заборави на дотогашниот живот и да се обиде да се вклопи во обично училиште со нормални деца , да се обиде да се подготви за животот што го чека. Да им’ докаже на сите дека тој ист
како нив, без разлика на неговото страшно лице.Но, како може да го изведе тоа, особено кога луѓето знаат да бидат толку злобни?
Главните улоги во филмот ги толкуваат:Џејк Тримбл, Џулија Робертс и Овен Вилсон.
Џулија и Овен ги играат родителите на Аугуст Пулман, Изабел и Нејт, а од остатокот од актерската екипа ќе ги споменеме уште и Менди Патникин и Дејв Дигс.Режисер на филмот е Стефен Чомбски.
ЛИГА НА ПРАВДАТА
Инспириран од неговата вратена вера во човештвото и несебичниот чин на Супермен, Брус Вејн одлучува да и помогне на новиот сојузник, Дајана Принс, да се соочи со уште еден поголем непријател.Тие заедно работат брзо во пронаоѓањето и регрутирањето на тим од метални луѓе кои би се спротиставиле на новата закана.Но, и покрај создавањето на лигата херои : Бетмен, Вондер Вуман, Аквамен, Сајборг и Флеш, можеби е веќе доцна за да се спаси планетата земја од напад со катастрофални пропорции.
Во филмот настапуваат: Гал Гадот, Бен Афлек, Хенри Кавил, Џејсон Момоа, Езра Милер, Реј Фишер, Ејми Адамс, Кони Нилзен, Амбер Херд, Дајан Лејн, Џ. К. Симонс, Џереми Ајронс, Робин Врајт и други. Режисер на филмот е Зак Шнајдер
Љубителите на стриповите на Марвел во овој филм на едно место можат да уживаат во храброста на своите омилени јунаци:Вондер Вуман, Луис Лејн, Бетмен, Супермен, Аквамен, Флеш и Киборг.Буџетот на филмот изнесувал фантастични 300 милиони долари.
ПОГРЕШНИОТ
Компанијата „Нетфликс“ неодамна ја промовира драмата „ Погрешниот“во режија на Ди Рис за која сценариото го напишал во соработка со продуцентот и писателот Вирџил Вилијамсон.
Филмот е темелен врз истоимената наградувана дебитантска новела на Хилари Џонсон која е објавена во 2008 година.
Филмот ја донесува динамичната епска приказна чие дејствие се одвива пред Втората светска војна кога со американскиот југ владееле расните тензии и преставувале тмурен портрет на едно бело и едно афроамериканско семејство кои се борат да ја преживеат бруталната реалности безобѕирната општествена хиреархија.
Белецот Џејми Мек Адам(Гарет Хедленд) и афроамериканецотРонсел Џексон ( Џејсон Мичел) , по враќањето од војната се здружуваат за да можат во руралните предели на Мисисипи заедно да водат една фарма.Нивното пријателство не наидува на одобрување кај локалното население и додатно се комплицираат и веќе така нарушените односи помеѓу членовите на нивните семејства.
Во останатите улоги настапуваат уште и Џејсон Кларк, Кери Мулиган, Џонатан Бенкс, Роб Морган ,Мери Блајџ и други.
Филмот е испреплетен со џез и госпел музика, гнасни автомобили, каливи патишта , земјоделски земјишта и депресивни пејзажи.
Филмот премиерно беше прикажан на годинешниот Санденс филм фестивал , каде помина одлично.
ЅВЕЗДА
Компјутерски анимираниот филм “Ѕвезда“преставува комедија во режија на Тимоти Рекарт. Филмот е снимен врз база на преданието за раѓањето на Исус и според оригиналната идеја на Том Шериден. Сценариото го напишале: Карлос Коткин и Симон Мур.
Филмот говори за магарето Бо и неговите пријатели – животни кои ќе станат вистински херои на првиот Божиќ.
Гласовите на главните јунаци во овој филм им ги позајмуваат актерите: Стивен Еун, Џина Родригез, Захари Леви, Кејган Мајкл Ли, Кели Кларксон, Патриша Хетон, Трејси Морган, Тејлор Пери и Опра Винфри.
Филмот е во производство на „Сони Пикчерс Анимејшн“ . Првиот работен наслов на филмот бил„ Јагне“ , но со вклучувањето на Брајан Хенсон и Лиза Хенсон како извршни продуценти во 2016 година во овој проект, филмот го добил насловот „Ѕвезда“.
Ова е инаку уште еден филм во низата нови остварувања кои се посветени на предстојните божиќни празници.
КОКО И ГОЛЕМАТА ТАЈНА
Еден од 26 те филма кои се пријавени во трката по номинација за наградата Оскар во категоријата Најдобар анимиран филм е и најновиот компјутерски анимиран филм на компанијата „ Волт Дизни“ и нејзиниот огранок „ Пиксар“, Насловот на филмот е „ Коко и големата тајна“ во режија на Адриен Молина и Ли Урлих. Гласовите на главните јунаци во филмот ги позајмуваат: Алана Умах, Бенџамин Брет и Гаел Гарсија Бернал.
Филмот го следи 12 годишниот Мигуел кој открива серија настани кои се однесуваат на стогодишната стара мистерија , настани кои водат кон еден невообичаен собир.
Имено, и покрај постојната семејна забрана за музика, која веќе трае со години наназад, Мигуел сонува за тоа како да постане извонреден музичар како неговиот идол Ернесто Де Ла Круз. Во очајнички обид да го докаже својот талент, Мигуел ќе се најде во фантастичната шарена земја на мртвите следејќи го таинствениот синџир на случувања . Попатно тој се запознава со шармантниот измамник Хектор, и тие заедно заминуваат на величенственото патување за да ја откријат вистинската приказна за историјата на семејството на Мигуел.
НАЈМРАЧНИОТ ЧАС
Филмот„ Најмрачниот час“преставува историска биографска драма која говори за Винстон Черчил. Филмот е во режија на Џо Врајт а ликот на Черчил го толкува познатиот актер Гери Олгман. Во останатите улоги настапуваат уште и: Лили Џејмс, Стефењн Дилејн, Бен Менделсон, Кристин Скот Томас, Семјуел Вест и други.
Само неколку дена одкако бил назначен за премиер на велика Британија, Винстон Черчил морал да се соочи со едно од неговите најпрестижни турбулентни и дефинирачки искушенија: Истражување на мировниот договор со преговарачот на нацистичка Германија или цврсто да се бори за идеалите слободата и слободата на нацијата, и тоа во време кога нацистичките сили незапирливо напредувале низ Европа , во време кога се заканувала неизбежна инвазија со неподготвена јавност за тоа и со скептичен Крал. Черчил морал да го издржи најмрачниот час за да ја собере нацијата околу себе и да се обиде да го промени текот на светската историја.
ЧОВЕКОТ КОЈ ГО ИЗМИСЛУ БОЖИЌ
„ Човекот кој го измисли Божиќ“ преставува биографска драма со елементи на комедија која говори за писателот Чарлс Дикенс кој со своето творештво преставува инспирација за многумина во реалниот живот со неговата живописна фантазија и способноста да создаде незаборавни ликови и безвременски приказни , притоа засекогаш менувајќи ја празничната сезона и прославите кои ги знаеме.
Ликот на Чарлс Дикенс го толкува актерот Ден Стивенс а во останатите улоги настапуваат уште и: Кристофер Пламер,Џонатан Прајс, Јан Мек Најс, Миријам Марголис и други. Режисер на филмот е Барат Налури.
ЧАПАКВИДИК
За судбината на познатото американско семејство Кенедиеви, досега се направени навистина голем број на филмови, телевизиски драми и телевизиски серии особено по убиството на председателот на САД , Џон Кенеди.Предмет на опсервација беа и неговата вдовица Џеки Кенеди како и неговиот брат Роберт Кенеди кој исто така настрада во атентат. Сега еве дојде на ред и Тед Кенеди , третиот од браќата Кенеди кој своевремено доживеа еден несреќен случај кој битно влијаеше во неговата политичка кариера. Имено, на 18. Јули.1969 година возејќи автомобил преку еден дрвен мост на островот Чапаквидик во Масачусетс, тогашниот сенатор Тед Кенеди слетал од мостот со автомобилот и во тој инцидент погинала неговата сопатничка 28 годишната Мери Џо Копечни која работела во кампањата за него.Кенеди не повикал веднаш полиција туку се вратил во хотелот каде што престојувал и го повикал по телефон својот влијателен татко да му ја спаси политичката кариера.Токму со оваа вистинска приказна се занимава режисерот на филмот Џон Каран кој својата светска премиера ја имаше на годинешниот фестивал во Торонто.
Ликот на Мери Џо Копечки го толкува Кејт Мара а ликот на сенаторот Тед Кенеди , актерот Џејсон Кларк.Во филмот настапуваат уште и Кленси Браун како тогашниот државен секретар Роберт Макнамара, Брус Дерн во улогата на таткото на Тед Кенеди, Андрија Блекман како сопругата на Тед, Џоан Кенеди и други.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк