• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Ногачески: Мојот сон е Требеништа да биде културната престолнина на општина Дебрца

ноември 1, 2019
in Аргументи за
Ногачески: Мојот сон е  Требеништа да биде културната престолнина на општина Дебрца

Ако преку проектот за Белчишкото Блато го промовираме светското природно наследство на Дебрца, сакам да Ве информирам за уште еден проект кој деновиве интензивно се работи и кој има за цел да се промовира светското археолошко и културно наследство на Дебрца, сподели објава, градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, во која додава: 

Имено, откако минатата година со Филозофскиот факултет Скопје спроведовме истражување на десет најзначајни археолошки локалитети во Дебрца, оваа година продолживме со истражувањата на најзначајниот археолошки локалитет, Требенишкото Кале.
Денес ги примив Проф.Др.Виктор Лилчиќ Адамсен и неговиот тим, кои ме информираа за сознанијата од нивната работа на терен.

Според нив, сознанијата од истражувањата илустрираат околу 1800 години живот во континуитет и ако се додаде архајскиот период, или како што вели почитуваниот професор Лилчиќ “периодот на господарите со златните маски”, тогаш имаме 2200 години континуитет на овој древен град, распослан на околу 5 хектари.

По завршувањето на истражувањата на терен ќе се изработи завршен извештај со фото и техничка документација, а кој ќе биде претставен и пред пошироката јавност.

zoran 1

Средствата за реализација на овој проект, во износ од 100.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2019 година.

А мојот “сон”, кој се надевам дека за бргу ќе биде јаве е Требеништа да биде културната престолнина на општина Дебрца, со Културен Изложбен Центар, во кој ќе биде претставено не само археолошкото наследство од Требенишкото Кале и Требенишката некропола, туку и целокупното археолошко наследство на Дебрца.

На тоа силно обврзуваат и “100-те години Требеништа”.

Публицитет.мк 

 
Посетеност: 84
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Митре Мангоски Радождански

Next Post

Од 5 ноември во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид Саем на книгата

Next Post
Од 5 ноември во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид Саем на книгата

Од 5 ноември во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид Саем на книгата

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 84

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk