Трајкоски, од овде, од пред општинската зграда во Белчишта, која изминативе четири години, Ти им ја затвори и зароби на граѓаните на Дебрца јавно Те повикувам :
Собери храброст, излези да се соочиш со граѓаните кои Те избраа, одбери медиум и дај да излеземе на ТВ дебата.
И воопшто не плаши се, докрај ќе бидам коректен и однапред ќе Ти кажам на кои прашања ќе побарам да одговориш.
Не мене, да им одговориш на граѓаните на Дебрца.
Зошто на граѓаните им ја затвори и зароби општината ?
Зошто не ги примаше за најобичен разговор ?
Зошто со денови доаѓаа за една обична потврда ?
Колку општински пари трошеше за гозби и ручеци, за службени патувања, за службените телефони ?
Зошто само исти фирми ги земаа тендерите?
Како успеа за еден камион и ровокопач, кои не вредат повеќе од 5.000 евра, да платиш по 20.000 евра ?
Како успеа за балон салата во Требеништа која вообичаено чини 50.000 евра да платиш преку 100.000 евра ?
Каде ги потроши 24.000 евра за фудбалското игралиште во Волино ?
Зошто потрошивте 200.000 евра за она што го нарекувате плажа во Оровник?
Зошто селата ги остави без вода за пиење ?
Каде ги испушташ отпадните води од канализациониот систем во Белчишта ?
Како ги чистеше и одржуваше општинските патишта?
Каде Ти се индустриската зона, винариите во Мешеишта и 200 те вработени во рудникот Стогово?
Колку општински пари им префрли на Твои роднини и сопартијци ?
Овојпат ќе Те поштедам и нема повеќе да Те прашувам за станот во Скопје, патничките моторни возила, за парите што и ги даваше на невладината организација “Мавивест” на Твојата сестра !
Трајкоски, и ако не собереш храброст и да се појавиш и им одговориш на граѓаните, знај , бегање Ти нема!
На 15 Октомри сакал, не сакал ќе мора да се соочиш со граѓаните на Дебрца !
Само тогаш Ти не одлучуваш, одлучуваат граѓаните !
И знај, секогаш правично одлучуваат !, се вели во дописот од СДСМ – Дебрца.
Публицитет.мк