На почетокот од оваа недела беа објавени номинациите за најпосакуваните а само неколку дена и номинациите за најнепосакуваните филмски награди во светот на филмската уметност.Тоа е се наградите Оскар и Златни малини.
Од друга страна , изминатиот петок во Париз беа доделени наградите „Цезар“ кои ги доделува Француската филмска академија.Годинешната церемонија ќе остане запаметена не по добитниците на наградите туку по протестот заради состојбите во културата што го искажуваа некои од презентерите на наградите но и дел од добитниците на наградите .
НОМИНАЦИИ ЗА 93.НАГРАДИ ОСКАР
Како што веќе познато церемонијата на доделувањето на наградите Оскар , која оваа година ќе се одржи на 25 април по 93 пат, во многу нешта ќе се разликува од досегашните поради епидемијата од корона вирусот. Таа ќе биде пренесувана во живо од повеќе локации ,меѓу кои и неизбежниот Холивуд а домаќин ќе биде познатиот режисер Стивен Содерберг.
Во понеделникот , Американската филмска академија го обелодени списокот на номинираните во најважните категории. Презентери беа актерката Пријанка Чопра и музичарот Ник Џонас.
И веднаш треба да се спомене дека како и кај номинациите за наградите „Бафта“ (со кои ве запознавме изминатиот пат) и кај номинациите за Оскар се чуствуваат некои промени.
Така на пример, меѓу номинираните во категоријата најдобар режисер за прв пат се случува меѓу петте номинирани да има и две жени режисерки. Освен тоа актерот Риз Ахмед е првиот муслиман кој има номинација за Оскар.
Годинешните номинации ќе бидат запаметени и по осмата номинација за Оскар која ја доби актерката Глен Клоуз , која досега не ја добила оваа награда но и по четвртата номинација која ја доби црномурестата актерка Вајола Дејвис со што стана водечка по бројот на номинации кај црните актери.
Оваа година ќе ја паметат и Бугарите кои за првпат добија номинација за Оскар благодарејќи на актерката Марија Бакалова.Босанците , пак ќе ги стискаат палците навивајќи за филмот „Кво вадис, Аида?“ на режисерката Јасмила Жбаниќ кој е номиниран во категоријата најдобар странски филм, надевајќи се дека Оскарот по вторпат ќе дојде во Сарајево по оној кој им го донесе Данис Тановиќ за филмот „Ничија земја“ во 2002 година.
Изминатата година беше карактеристична по тоа што филмовите повеќе се гледаа на стриминг платформите одколку во кино салите кои во подолг период од годината беа затворени, тренд кој за жал продолжува и во првите месеци од оваа година. Од таму и не зачудува што стриминг платформата „Нетфликс“доби дури 35 номинации . Ако се придодатат уште и платформите „Амазон“ и „Хулу“ кои исто така имаат номинации тогаш сето ова добива нова димензија.Дали ова е иднината на филмскиот бизнис?
Што се однесува до бројот на номинации, води филмот на „Нетфликс“- „ Менк“ со десет номинации а следуваат „ Татко“, “ Јуда и црниот месија“, „ Минари“, „ Земја на номадите“,
„Звукот на металот“и „ Судскиот процес на седуммината од Чикаго“ со по шест номинации а следуваат со по пет номинации „ Девојката која ветува“ и „Црното дно на Ма Рајни“.
Но, да се потсетиме кои се номинираните во некои од најважните категории:
КАТЕГОРИЈА НАЈДОБАР ФИЛМ
Во оваа категорија можат да бидат номинирани до десет филмови. Но како и во изминатите неколку години наназад таа бројка и оваа година застана на бројот осум.
Тоа се филмовоте: “ Татко“, „ Јуда и црниот месија“„ Менк“, „ Минари“, „ Земја на номадите“, „Звукот на металот“,„Девојката која ветува“и „Судскиот процес на седуммината од Чикаго“.
Според многумина, главен фаворит во оваа категорија е „Земја на номадите“ но можеби и „Менк“.
КАТЕГОРИЈА НАЈДОБРИ РЕЖИСЕРИ
Како што веќе споменавме , за прв пат меѓу номинираните има две режисерки. Тоа се Клое Жао за режијата на филмот „ Земја на номадите“ (која важи за фафорит) и Емералд Фенел за филмот „ Девојката која ветува“. Тука се уште и Дејвид Финчер за филмот “Менк“, Ли Ајсак Чунг за филмот „Минари“ и Томас Винтерберг за филмот „Уште една тура“.Интересно е да се каже дека само Финчер и Фенел се американци .
КАТЕГОРИЈА НАЈДОБРА МАШКА УЛОГА
Во оваа категорија главен фаворит за наградата Оскар е црниот актер Чедвик Боузман за улогата во филмот „Црното дно на Ма Рајни“ (кој почина изминатиот август), но тука се уште и Оскаровците , Ентони Хопкинс за улогата во филмот „Татко“ и Гери Олдман за филмот„Менк“. Листата од петте актери ја надополнуваат уште и Риз Ахмед за улогата во „Звукот на металот“ и јужнокорејскиот актер Стивен Јеун за филмот „ Минари“.
КАТЕГОРИЈА НАЈДОБРА ЖЕНСКА УЛОГА
Веќе споменавме дека црната актерка Вајола Дејвис со номинацијата за улогата во филмот „Црното дно на Ма Рејни“стана најномираната црна актерка која и оваа година има големи шанси да се закити со наградата Оскар. Нејзин најголем конкурент е двојната оскаровка Френсис Мек Дорман за улогата во филмот„ Земја на номадите“, која многумина ја сметаат за голем фаворит.
Тука се уште и Ванеса Кирби за филмот „Парчиња од жена“, Андра Деј за улогата во филмот „САД против Били Холидеј“ и Кери Малиган за филмот „Девојката која ветува“.
КАТЕГОРИЈА НАЈДОБРА СПОРЕДНА ЖЕНСКА УЛОГА
Оваа категорија на Бугарија и ја донесе првата номинација за Оскар благодарејќи на бугарската актерка Марија Бакалова за нејзината споредна улога во филмот „Борат2“.Според многумина најголем фаворит за освојување на наградата Оскар во оваа категорија има ветеранката Глен Клоуз за епизодната улога во филмот„Хибилили елегија“. Ова е нејзина осма номинација но досега не го освоила ОскаротТука се уште и англичанката Оливија Колман за улогата во филмот „Татко“, Аманда Сејфилд за филмот „Менк“ и јужно корејската актерка Јух- јунг Јун за улогата во филмот „Минари“.
КАТЕГОРИЈА НАЈДОБРА СПОРЕДНА МАШКА УЛОГА
Меѓу номинираните во оваа категорија се наоѓа и добитникот на Златен глобус за главна улога во филмот „Борат 2“ , актерот Саша Барон Коен за споредната улогата во филмот „Судењето на седуммината од Чикаго“.Ова е само потврда дека е ова негова најуспешна година.Во оваа категорија нонинирани се уште и Даниел Калуџа за филмот „Јуда и црниот Месија“, Лесли Одом Јуниор за споредната улога во филмот „Една ноќ во Мајами“, Пол Раци за филмот „Звукот на металот “и Лакеид Стенфилд за филмот „Јуда и црниот Месија“.
НОМИНАЦИИ ЗА НАЈДОБАР ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФИЛМ
Да се потсетиме , изминатата година , нашата земја со документарниот филм „Медена земја“ беше меѓу петте номинирани во оваа категорија а оваа година меѓу номинираните се најде еден филм од овие простори. Се работи за босанскиот филм “Кво вадис, Аида?“на режисерката Јасмила Жбаниќ кој говори за геноцидот во Сребреница.
Во оваа категорија за главен фаворит се смета данскиот филм „Уште една тура“ на режисерот Томас Винтерберг кому му избега Златниот глобус а тука се уште и кинескиот „ „Подобри денови“, тунискиот „Човекот кој ја продаде кожата“ и документарниот филм „Колектив“ од Романија.
НОМИНАЦИИ ЗА НАЈДОБАР АНИМИРАН ФИЛМ
Меѓу петте номинирани во оваа категорија се најдоа филмовите “Натаму“ на компнијата Дизни, кинескиот “Преку месечината“, Англискиот „Шон овци филм:Фармагедон“, ирскиот „Волчици“ и филмот „Душа “на компаниите Волт Дизни – Пиксар.
Во понеделникот беа објавени и номинациите во катагориите за најдобро оригинално сценарио, најдобро адаптирано сценарио, најдобар документарен филм. Најдобар документарен краток филм, анимиран кусометражен филм, игран кусометражен филм, најдобра оригинална музика, најдобра оригинална песна, кинематографер, костомографија, продукциски дизајн, шминка и фризура, звук, монтажа и визуелни ефекти односно вкупно 23 категории.
НОМИНАЦИИ ЗА НАГРАДИТЕ ЗЛАТНИ МАЛИНИ
На 11 март беа објавени номинациите за најнепосакуваните филмски награди „Златни малини“ кои оваа година по 41 пат ќе бидат доделени на 24.април односно еден ден пред доделувањто на Оскарите.Наградите се доделуваат врз добиените гласови од членовите на фондацијата „Златна малина“.
Најголем број на номинации (по шест) добија филмовите „365 дена“ и „Дулитл“. Потоа со пет номинации следува филмот „Островот на фантазијата“.Филмот „Музика“ освои номинации во четири категории. Еве некои од поважните категории:
Во категоријата најлош филм за 2020 година номинација добија филмовите:
„365 дена“, „Долитл“, „Островот фантазија“, „Музика“ и „Апсолутен доказ“.За најлош режисер номинации добија: Чарлс Бенд, Стивен Гаган, Рон Хауард, Барбара Бијалов и Томаш Мендес како и Сиа.
Во категоријата најлош актер и оваа година повторно номинација има Адам Сендлер а тука се уште и Роберт Дауни јр., Мајкл Линдел, Микеле Мороне и Дејвид Спејд.
Во женска конкуренција номинирани се: Ен Хатавеј, Кети Холмс, Кејт Хадсон, Лоренс Лапукус и Ана Марија Сиеклучка.
За налош актер во споредна машка улога номинирани се:Чеви Чејз, Руди Џулијани, Шија Ле Буф и двете големи ѕвезди на акционите фимови Брус Вилис и Арнолд Шварценегер.
Мошне интересен оваа година е случајот во категоријата најлоша споредна женска улога во која меѓу петте актерки се најде Глен Клоуз за улогата во филмот „Хибилили елегија“ за која по неколку дена ја доби осмата номинација за Оскар за истата улога.
На листата се наоѓаат уште и Луси Хејл, Меги Кју, Кристен Виг и Меди Зиглер.
46. НАГРАДИ ЦЕЗАР
Во петокот на 12.март во концертната сала „Олимпија“ во Париз се одржа церемонијата на доделувањето на националните филмски награди „Цезар“ кои ги доделува француската академија за филмска уметност.
Во делот за публиката беа сместени само номинираните кои беа тестирани пред одржување на церемонијата и беа социјално одалечени со по две места. Во концертната сала беа присутни околу 150 луѓе.Единствените кои не носеа маски беа презентерите на сцената и оркестарот како и добитниците на наградите.
Според известувачите , дури и без влијанието на Ковид -19, изминатата 2020 година беше бурна година за француската кинематографија како и за француската Академија на филмската уметност.
Така, киносалите во Франција беа отворени само на почетокот на 2020 година,потоа во еден период од крајот на јуни до крајот на октомври.Иако Франција излезе од блокада кон крајот на 2020 година , киносалите останаа затворени а полицискиот час почнуваше во 18 часот. Работата е уште покритична што и во моментов нема јасен датум за повторно отворање на кино салите. Неработењето на кино салите во текот на 2020 година резултираше со суспендирање на традиционалната награда од публиката која му се доделува на филмот со најголема посетеност.
Многумина презентери на наградите како и дел од добитниците на наградите на сцената го искажаа својот гнев поради неподготвеноста на Владата да одреди датум за повторно отворање на музеите, галериите, концертните сали и кино салите.Воедно тие побараа од француската влада да ја подржи културата која е особено погодена од пандемијата.
Годинешната церемонија ќе остане запаметена и по скандалот што го направи познатата француска актерка Корин Масеиро која како презентер на наградата за костимографија на сцената се искачи облечена во магарешки костим и фустан облеан во крв.Актерката потоа го соблече костумот и фустанот, покажувајќи ги двете пораки кои таа ги напишала на своето голо тело.„ Нема култура, нема иднина„ напишани на нејзините гради и стомак , додека на нејзиниот грб беше напишано:„Врати ни ја уметноста,Жан“,порака која се однесува на францускиот премиер Жан Кастекс.Сето ова беше пренесувано директно на „Канал плус“ што предизвика шок кај гледачите но и во концертната сала.
Сето ова како да ги стави во втор план добитниците на годинешните награди. Годинешен севкупен победник стана црната комедија „Бај ,бај , Морони“. Тој ги освои наградите во категориите :Најдобар филм, најдобра режија за Алберт Дупонтел (кој не беше присутенна церемонијата), за оригинално сценарио, најдобра споредна машка улога (Николас Марие), најдобар кинематографер и најдобар продукциски дизајн.Филмот само за една недела прикажување го виделе над 700 илјади посетители.
Наградата Цезар за најдобра женска улога и припадна на Лоре Калеми за улогата во филмот „Антоанета во Севен“ а за најдобар актер наградата му припадна на Сами Буаџила за улогата во филмот „Син“. За најдобра актерка за споредна улога наградата Цезар ја освои Емили Декуен за улогата во филмот „Работите што ги кажуваме,работите што ги правиме“кој имаше најголем број на номинации (13) а освои само еден Цезар.За најдобар документарен филм наградата му припадна на филмот „Адолесценти“ на режисерот Себастијан Лифшиц. За најдобар странски филм прикажан во Франција во текот на 2020 година беше прогласен данскиот филм „Уште една рунда“ на режисерот Томас Винтерберг.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк