Кога ќе се споменат филмските награди ,веднаш се помислува на наградите Оскар од причина што тие се најстарите и најважните филмски награди.
Но,Европската филмска академија ,создадена по теркот на Американска академија за филмска уметност, во 1988 година одлучи да доделува свои награди именувани како Европски филмски награди кои ќе се доделуваат секоја година и ќе бидат ограничени на европската кинематографија и европски продуценти, режисери и актери.Наградите се доделуваат во повеќе од десет категории, од кои најважна е филм на годината.
Наградата до 1997 година беше именувана како „Феникс награда“ а по својата форма наликуваше на својот постар брат Оскарот.Таква форма има и статуетката која се доделува од 1998 година до денес.Од 1998 година домаќин на фестивалот секој втора година е Берлин а во останатите, други европски градови.Така, оваа година наградите ќе бидат доделени по 29 пат а церемонијата на доделувањето ќе се одржи во Вроцлав (Полска) кој оваа година е прогласен за европски град на културата.
Играните филмови кои учествуваат во изборот за европските филмски награди мораат да бидат европски играни филмови кои своето официјално прикажување (дали на редовен кино репертоар или на филмски фестивал)морале да го имаат по 1. Јули од предходната година.Најпрвин се номинираат 50 играни филмови кои го задоволуваат овој основен услов а потоа Европската филмска академија номинира по пет имиња на кандидати за награди во десетина категории. Номинациите се соопштуваат за време на одржувањето на фестивалот на европски филм кој во почетокот на ноември веќе 13 години се одржува во Севиља (Шпанија).Врз основа на номинациите членовите на академијата( ги има околу 3000) гласаат за победниците чии имиња се соопштуваат на церемонијата која се одржува во почетокот на декември.
И оваа година, во саботата на 5. Ноември во Севиља беа објавени номинациите за годинешните награди на европската филмска академија.

И веднаш да кажеме дека најмногу номинации, пет,освои филмот „ТОНИ ЕРДМАН“на германската режисерка Марен Аде.Филмот доби номинации во категориите најдобар филм,најдобра режија, најдобро сценарио, најдобра женска улога (Сандра Хулер) и најдобра машка улога (Петер Симонишек).Доколку победи овој филм , кој има големи шанси за тоа,тогаш режисерката Марен Аде ќе биде првата режисерка која ја освоила наградата за најдобар филм од почетокот на доделувањето на овие награди од 1988 година.
Англискиот ветеран Кен Лоуч,годинешниот добитник на Златната палма во Кан за филмот„ЈАС ДАНИЕЛ БЛЕЈК“освои четири номинации за наградите во категориите најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио и најдобра машка улога за актерот Дејв Џонс.
Уште два филма кои беа дел од програмата на годинешниот фестивал во Кан добија по три номинации за наградите на европската филмска Академија(ЕФА).Тоа се филмовите
„ ТАА “ на култниот холандски режисер Пол Верховен, кој доби номинации во категориите најдобар филм, најдобра режија и најдобра главна женска улога за Изабел Ипер и филмот „ ХУЛИЕТА“ на режисерот Педро Алмодовар кој доби номинации за најдобар филм, најдобра режија и најдобри женски улоги за актерките Адриана Угарте и Ема Суарез.
Петтиот филм кој доби номинација за најдобар филм е ирско канадската копродукциа „СОБА“ на режисерката Лени Абрахамсон кој доби номинација и во категоријата најдобро сценарио.
Две номинации доби и романскиот филм„ МАТУРА“ на режисерот Кристијан Мунгуиу и тоа за најдобар режисер и најдобро сценарио.И покрај двете номинации кои ги доби овој филм многумина и’ забележуваат на Академијата на тоа дека филмот не добил номинација за најдобар филм .Истото важи и за романскиот филм „ Сиера невада“ на режисерот Кристи Пуиуи кој споредмногумина е еден од најдобрите во годинешната европска продукција.
Инаку веќе со години наназад за овие награди се упатуваат приговори кои се однесуваат и на гласачкиот состав на членовите Академијата кои такаречи секогаш ги фаворизираат филмовите од големите западни европски кинематографии од проста причина што тие имаат поголем број на гласачи. Забележително е дека филмовите од источна и јужна Европа ,со исклучок на Италија,поминуваат послабо од заслуженото како што се случи оваа година со филмовите од Романија.
Исто така се забележува дека на листата на режисери , без разлика на квалитетот на нивните филмови, се номинираат исти имиња..
По годинешнот издание , такви приговори ќе има уште повеќе од проста причина што оваа година по којзнае којпат во големата петорка повторно се најдоа филмови од Германија, Франција, Шпанија и Велика Британија.

Но, да се вратиме на номинираните . Во категоријата најдобра женска актерка освен веќе споменатите Изабел Ипер , двете шпански актерки Ема Суарез и Адријана Угарте и германската актерка Сандра Хулер , номинирануи се уште и:
италјанската актерка Валерија Бруни Тедесчи за улогата во филмот „ Како луда“ и данската актерка Трин Дајрхолм за улогата во филмот„ Комуна“.
За најдобри актери номинации покрај Дејв Џонс и Питер Симонишек, номинации добија и актерите: Хавиер Камара за улогата во шпанскиот филм „ Труман“, Англискиот актер Хју Грант за улогата во филмот „ Флоренс Фостер Џенингс“, германскиот актер Бугхарт Клауснер за улогата во прекрасниот филм „ Народот против Фриц Бауер “ и данскиот актер Ролф Лазгард за улогата во филмот „ Комуна“.
Во категоријата најдобра европска комедија, номинирани се филмовите:
„ ЧОВЕКОТ ВИКАН ОВЕ“ на режисерот Ханес Холм,
„ ГЛЕДАЈ КОЈ СЕ ВРАТИ“ на режисерот Давид Вненд и
„ ЕДЕН ЧОВЕК И НЕГОВАТА КРАВА“ на режисерот Мохамед Хамди.
Категорија најдобар европски анимиран филм:
„ МОЈОТ ЖИВОТ СО КУРГЕТ“ во режија на Клод Барас
„ ПСИКОНАУТАС“на режисерите Алберто Васкези Педро Риверо и
„ ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА“ на режисерот Мишел Дубок Де Вит.
Во категоријата “европски откритија„ оваа година ниминирани се филмовите:
„ КУЧИЊА„ на режисерот Богдан Мирица,
„ ЛАЈБМЕН“ на Жулес Херман.
„ БЕЗБОЖНА “ на Светла ЦОЦОРКОВА
„ ПЕСОЧНА БУРА“ на Елита Зехер и
„ СРЕЌНИ ДЕНОВИ ВО ЖИВОТОТ НА ОЛИ МАКИ“ на режисерот Јухо Коусманен ,
Во саботата беа објавени номинациите за најдобар европски документарен филм , категорија која беше востаниовена за прв пат изминатата година како и номинациите во категориите најдобро сценарио, најдобар кинематографер, монтажа, продукциски дизајн, костимографија, композитор и дизајн на звук.
На годинешната церемонија во Вроцлав почесна награда ќе му биде врачена на ирскиот актер Пирс Броснан познат по улогите во голем број на акциони филмови, комедии и романтични драми. Сепак , најпознат е по улогата на тајниот агент Џејмс Бонд , чик лик и дело го толкуваше во четири филма почнувајќи од 1995 г. со улогата во „ Златно око“ и завршувајќи во 2002 година со филмот„ Умри друг ден“ .Броснан е и амбасадор на УНИЦЕФ од Ирска уште од декември 2014 година.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк






