Пред неколку дена беа објавени номинациите за една од најпрестижните филмски награди – Златен глобус .Да се потсетиме ,наградите Златен глобус ги доделува здружението на филмските акредитирани новинари во САД .
За разлика од Оскарите , главните награди Златен Глобус се поделени во два дела:за најдобра филмска и најдобра телевизиска продукција.Наградите кои се доделуваат во филмската продукција се:најдобра драма, најдобра комедија или мјузикл,најдобра режија, најдобро сценарио, најдобар актер и актерка во драма, најдобар актер или актерка во комедија или мјузикл,најдобар спореден актер и актерка, најдобра оригинална музика, најдобар амимиран филм, најдобар филм на странски јазик , најдобра оригинална песна и Златен Глобус за животно дело.
Поделбата на Златните Глобуси на филмови –драми и филмови комедии односно мјузикли е направена во 1951 година, а првото доделување на наградата Златен Глобус се случило кон крајот на јануари 1944 година за филмските остварувања од 1943 година.
Церемонијата на доделувањето на наградите Златен Глобус ,кои оваа година ќе се доделат по 78.пат ,ќе се одржи на 28 февруари, такаречи цели два месеци подоцна од досега, поради влијанието на пандемијата Ковид -19 врз кино и телевизиската продуција.Церемонијата ќе се одржува паралелно во Њујорк и Калифорнија а водители ќе бидат Тина Феј и Ејми Полер.
Како и во изминатата така и оваа година , стриминг сервисот за видео и ТВ содржини „Нетфликс“ доминира со номинацците со дури 22 филма и 20 телевизиски серии по годината во која пандемијата на корона вирусот ги поттикна холивудските студија да го одложат снимањето на десетина свои филмски изданијаа a многу кино сали со месеци беа или сеуште се затворени.
И веднаш да кажеме дека во категоријата драма, најмногу номинации (шест) има црно белата драма на „Нетфликс“ – „Манк“ на познатиот режиср Дејвид Финчер.Филмот ја раскажува приказната од златниот период на Холивуд и говори за сценаристот Херман Џи Манкиевич коавторот на сценариото за филмот „Граѓанинот Кејн“.Неговиот лик го игра актерот Гери Олдман.
Во оваа категорија номинирани се и филмовите:„ Земја на номади“на режисерката Клое Жао, драмата за Виетнамската војна од 60 тите „Судењето на седуммината од Чикаго“(истотка филм во продукција на „Нетфликс“ со пет номинации), филмот за движењето „И јас исто“-„Младата жена што ветува“и семејната драма „Татко“.
Во категоријата најдобар мјузикл комедија номинации добија :сатиричниот филм на Саша Барон Коен за бившиот американски председател Доналд Трамп „ Борат 2“, филмската верзија на бродвејскиот хит мјузикл „ Хамилтон“, мјузиклот „Матурска вечер’, мјузиклот- драма „Музика“ и комедијата „ Палм Спрингс“.
Големо изненадување преставуваат номинациите во категоријата најдобар режисер.Оваа година три од петте номинации им припаднаа на жени режисери.Тоа се Регина Кинг за драмата „Една ноќ во Мајами“, британката Емералд Фенели за филмот „ Младата жена што ветува“и филмската режисерка родена во Кина, Клое Жао за филмот „ Земја на номадите“
Петорката во оваа категорија ја надополнуваат уште и Дејвид Финчер за филмот „Манк“ и Арон Соркин за филмот „ Судењето на седуммината од Чикаго“.
Во категоријата најдобар актер во драма ,главен фаворит е покојниот Чедвик Босеман за улогата во филмот „Црното дно на Ма Рајни“, иако конкуренцијата е мошне силна. Тука се уште и Ентони Хопкинс за улогата во „Татко“, Гери Олдман за филмот „Манк“, познатиот француско –алжирски актер Тахар Рахим за филмот „ Мавританец“ и Риз Aхмед за улогата во филмот „ Звукот на металот“. Меѓу номинираните го нема Том Хенкс кој настапи во филмот „ Вести од светот“ а кој за многумина беше сигурен кандидат за номинација во оваа категорија но затоа неговата партнерка малата Хелена Зенгел доби номинација за најдобра споредна женска улога.
Во женска конкуренција очекувано петорката е предводена оа Френсис Мек Дорман за улогата во филмот „Земја на номадите“ а тука се уште и Виола Дејвис, Андра Деј, Ванеса Кирби и Кери Мулиган.
Од главните номинации тука се уште и номинациите за главни машки и женски улоги во категоријата мјузикл /комедија како и категоријата најдобра споредна машка и женска епизодна улога.Интересно е да се спомене дека актерот Саша Барон Коен има две актерски номинации :за главна улога во филмот „Борат 2“од категоријата комедија/мјузикл и епизодна машка улога за филмот „ Судењето на седуммината од Чикаго“.
Се разбира тука се и номинациите во категориите најдобар долгометражен анимиран филм, најдобар странски филм , најдобро сценарио , музика и оригинална песна.
Оваа година наградата Сесил Б.Де Мил ќе и’ биде врачена на актерката Џејн Фонда. Тоа е почесна награда која се доделува на личности кои направиле белег во филмската индустрија.
Но, еве кој се’ е номиниран во поважните категории на една од најважните филмски награди за која гласаат помалку од100 странски новинари акредитирани во САД.
НАЈДОБАР ФИЛМ – драма
ТАТКО
МАНК
ЗЕМЈА НА НОМАДИТЕ
МЛАДА ЖЕНА ШТО ВЕТУВА
СУДЕЊЕТО НА СЕДУММИНАТА ОД ЧИКАГО
НАЈДОБАР ФИЛМ – Мјузикл/комедија
БОРАТ 2
ХАМИЛТОН
МУЗИКА
ПАЛМ СПРИМГС
МАТУРСКА ВЕЧЕР
НАЈДОБАР АКТЕР ВО ДРАМА
РИЗ АХМЕД – Звук на метал
ЧАДВИК БОСЕМАН – Црното дно на Ма Рајни
ЕНТОНИ ХОПКИНС – Татко
ГЕРИ ОЛДМАН – Манк
ТАХИР РАХИМ – Мавританецот
НАЈДОБРА АКТЕРКА ВО ДРАМА
ВИОЛА ДЕЈВИС – Црното дно на Ма Рајни
АНДРА ДЕЈ – САД против Били Холидеј
ВАНЕСА КИРБИ – Парчиња од жена
ФРЕНСИС МЕКДОРМАН – Земја на Номадите
КЕРИ МУЛИГАН – Млада жена што ветува
НАЈДОБАР АКТЕР ВО МЈУЗИКЛ/КОМЕДИЈА
САША БАРОН КОЕН – Борат2
ЏЕЈМС КОРДЕН – Матурска вечер
ЛИН МАНУЕЛ МИРАНДА – Хамилтон
ДЕВ ПАТЕЛ – Личната историја на Дејвид Коперфилд
ЕНДИ САМБЕРГ – Палм Спрингс
НАЈДОБРА АКТЕРКА ВО МЈУЗИКЛ/КОМЕДИЈА
МАРИЈА БАКАЛОВА – Борат 2
КЕЈТ ХАДСОН – Музика
МИШЕЛ ФАЈФЕР – Француски излез
РОЗАМУНД ПАЈК – Многу се грижам
АЊА ТЕЈЛОР ЏОЈ – Ема
НАЈДОБРА СПОРЕДНА МАШКА УЛОГА
САША БАРОН КОЕН – Судењето на седуммината од Чикаго
ДАНИЕЛ КАЛУЏА – Јуда и црниот Месија
ЏАРЕД ЛЕТО – Малечките нешта
БИЛ МАРЕЈ – На карпите
ЛЕСЛИ ОДОМ ЈР.- Една ноќ во Мајами
НАЈДОБРА СПОРЕДНА ЖЕНСКА УЛОГА
ГЛЕН КЛОУЗ – Хибилили елегија
ОЛИВИЈА КОЛМАН – Татко
ЏОДИ ФОСТЕР – Мавританецот
АМАНДА СЕЈФИЛД – Манк
ХЕЛЕНА ЗЕНГЕЛ – Вести за светот
НАЈДОБАР РЕЖИСЕР
ЕМЕРАЛД ФЕНЕЛ – Млада жена што ветува
ДЕЈВИД ФИНЧЕР – Манк
РЕГИНА КИНГ – Една ноќ во Мајами
АРОН СОРКИН – Судскиот процес на седуммината од Чикаго
КЛОЕ ЖАО – Земја на Номадите
НАЈДОБАР АНИМИРАН ФИЛМ
КРУДС:НОВО ВРЕМЕ
НАТАМУ
ПРЕКУ МЕСЕЧИНАТА
ДУША
ВОЛЧИЦИ
НАЈДОБАР СТРАНСКИ ФИЛМ
УШТЕ ЕДНА РУНДА (данска)
ЛА ЛОРОНА (Гватемала)
ЖИВОТОТ НАПРЕД (Италија)
МИНАРИ ( Кореја)
ДВЕТЕ (Франција)
Што се однесува до категориите за телевизиска продукциа, и тука мора да се каже дека царува повторно платформата Нетфликс со 20 номинации, Амазон има 10 номинации, Хулу има 9 номинации а по три номинации имаат Дизни и ХБО Макс кои само што започнаа со работа.
Меѓу телевизиските серии повторно водат сериите на Нетфликс „Круна “ и „ Озарк“. Големиот минатогодишен хит на Нетфликс „ Даминиот гамбит“има номинација во категоријата на серии со ограничено траење.
За наградата Златен глобус преферираат и новите ТВ серии „Стјуардеса“ и „ Емили во Париз“.
Пишува: Ѓоко Симјаноски