На првиот меѓународен натпревар “Пијано фест “кој се одржа во Битола од 7 до 9 јуни учениците од ОМУ „Методи Патче“-Охрид од класата на проф.Даниел Чуркоски во конкуренција на многу кандидати од повеќе европски земји ги освоија највисоките награди.
Атанас Неделкоски I награда
Девид Малик I награда
Владимир Србиноски I награда
Лука Димиќ II награда
Николај Петкоски специјална прва награда со која се пласира на финалниот концерт со натпреварувачки карактер на кој ја освои и специјалната награда на Општина Битола.
Публицитет.мк