Со пролетта во бутиците ЕМИЛИ во Охрид и Струга долета и новата ексклузивна колекција од свечени фустани, машка облека и венчаници кои се тренд оваа 2018 година.
Најдобар начин да се покаже што се’ има во буткот во ТЦ „Амам“ и во бутикот во Струга наспроти градскиот пазар од ЕМИЛИ се определија за нова фотосесија заедно со веќе старите партнери МЕГА продукција но со подмладена екипа од модели. Тоа се: Христијан Колевски, Никола Донески, Емилија Петанческа, Делза Речи и Марија Мојсоска.
Покрај младите и убави модели за новиот изглед на сцената беше задолжена цвеќарницата „Далија“. И се гледа од фотографиите дека тие успешно го завршиле својот дел во проектот.
Доаѓаат матури, свадби и ред други убави моменти. Кога размислувате да сте модерни, ексклузивно облечени доволно е да ги посетите бутиците ЕМИЛИ – тие знаат што ви стои најубаво и што да ви понудат за да сте задоволни.
Ова се работните фотографии а за оние што допрва ќе следат и ако сакате да видите што се’ нуди колекцијата кликнете на линков подолу:
https://www.facebook.com/EmillyOhrid/
ФОТО ГАЛЕРИЈА – БУТИЦИ ЕМИЛИ
Публицитет.мк