• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Нова изложба во Робевци „Внатрешна градина“ од ликовниот уметник Емилија Персу од Романија

јуни 27, 2017
in Во светот на уметноста

Во петок 30 јуни од  20 часот во Галерија Робевци ќе биде отворена изложбата „Внатрешна градина“ од ликовниот уметник Емилија Персу од Романија.

На изложбата ќе биде преставен најновиот циклус дела на авторката изработени на платно во комбинирана техника.

ЕМИЛИЈА ПЕРСУ

1963 –Родена 21 февруари 1963 година, Букурешт, Романија

Едукација

1981 – 1987 – Институт за Политехника , Букурешт,Романија

1993 -1998 – Факултет за Ликовни Уметности, отсек сликарство ,Букурешт, Романија

Професионална  активност

Од 1998 година член на Унијата на Ликовни Уметници , Букурешт, Романија

Член на ХАР Фондацијата  ,Букурешт, Романија

Член на Графичката асоцијација , Будимпешта, Унгарија

Уметнички директор на фестивалот “Притемп де поетс “

                                            

Самостојни изложби

2016 – Букурешт, Романија  “Арт Јорселф Галерија – “Кат Јорселф Арт” 

          – Букурешт, Романија – “Шелари 13” Галерија – ОдСпот2 – “ А бајт оф Глас”

2012 – Охрид, Македонија – Галерија Робевци Н.У.Завод и Музеј  – “Постмодерен  Левант”

2011 – Чикаго , С.А.Д. – Џенифер Норбах Галерија

          – Силистра , Бугарија – Музеј на Уметност

          – Милано, Италија – “Спацио Лигера” Галерија

2009 – Падова, Италија – “Трансавангардија” Галерија

2008 – Ефорие Норд, Романија “Ад-Ела”Галерија

2007 – Вашингтон, С.А.Д. – Амбасада на Романија

           – Будимпешта, Унгарија – “9” Галерија

2006 – Букурешт, Романија – “Каминул артеи” Галерија

2005 – Берлин, Романија – Романски Институт “Титу Мајореску”

2003, 2001 – Букурешт, Романија – “Арт Џез Клуб ” Галерија

2002 – Букурешт, Романија – “Каминул артеи” Галерија

2001 – Париз, Романија – Романски Културен Центар

2000 – Букурешт, Романија – “Каминул артеи” Галерија

1996 – Виена, Австрија – Романски Културен Центар “Аула Романиае”

Кампови, фестивали,симпозиуми

2016 – Гоа, Индија – EIBAB Европско интернационално Букарт биенале 

         – Санкт Петерзбург, Русија- Зимска Арт Инсомнија- Симпозиум

         – Букурешт, Романија-Арт Сафари -Саем на Уметност

2015 Есен, Германија – C.A.R. Современа Уметност Рур

         – Букурешт, Романија-Арт Сафари -Саем на Уметност

2014 – Маракеш, Мароко – “DFEWA 2éme AGHMAT ” Камп

          – Букурешт, Романија-Арт Сафари -Саем на Уметност

2013 – Јаипур, Индија – Интернационален Арт Фестивал

         – Поекларн, Австрија – “Ателје Ан Дер Донау” Симпозиум

2011 – Бриаре, Франција – “Солеил Дел Ест” Уметнички камп

2011, 2010, 2009 – Патрас, Грција – Зервас Арт Симпозиум

2010 – Багдад,Ирак – “Ал-Васити” Арт фестивал

2005 – Осиеки,Полска  – “Плеин еир” Симпозиум 

2001 – Лион,Францијаce – Графички Камп  “Форт де Бруизин”

Стипендии

1997, 2000  Франс Марсел Центар за графичка уметност,Катерле,Белгија

Внатрешна градина

„Медот нема ниту форма, ниту боја на растение но има цветен мирис“ – Р. Фонтене

Еден цитат својствен за естетиката во творештвото на Емилиа Персу особено за нејзиниот трансцендентален спонтан израз на сликарските облици, преку кој авторот пресликува еден одзвук на реалноста, видена, замислена, инстантно изразена. Нејзиниот дуктус паралелно на сликарската анализа ја дешифрира внатрешната сфера на сопствениот потсвесен јазик.

Водејќи се од премисата „природата е внатрешното во себе“, авторот се става себе си во вечна колизија со реалните форми што претрпуваат разградување и разобличување до точка на непрепознатливост. Оттука започнува една игра каде интелектот и чувствителноста еманираат бесконечни можности на пластична транспозиција кон внатрешниот универзум. Просторот е делумно ограничен, градината е гледана од воздушна перспектива, линијата поставува свои граници, а бојата добива слобода на тоналитетот. Во тој делумно лимитиран простор, Персу го истражува диверзитетот на бројни планови, игри и меѓусебни интерференции врз сликарската површина. Просторот и апарентноста на формите се менуваат, но уметникот има една фиксирана точка на интерференција базирана на сопствената интуитивна естетика. Во потрага по некои сопствени архетипови, авторот поставува една архитектурална вегетација што заедно со слободните облици преставува доминанта во изразот на делото. Инспирирана од природните форми, истите ги разобличува со цел да им даде посебна автономија, форми во кои ќе го проектира целиот свој внатрешен универзум. Самите структури на бојата, од друга страна, формулираат една космичка радост која се содржи во егзалтацијата на тоновите и во моќта да се сконцентрираат и да ирадираат во просторот.  Овој аргумент може да биде проширен афирмирајќи дека обоените слободни форми играат фундаментална улога во делата на Персу, така што сликарскиот простор го каптира погледот како една ткаенина од акорди, контрасти, и ритмички варијации кои извираат од квалитативната супстанцијалност на визијата.

Така воспоставената врска помеѓу авторот и делото добива форма на една инстант експресија, една специфична претстава на универзумот наречена според авторот „внатрешна градина“.

м-р Сашо Блажески

Публицитет.мк 

Посетеност: 88
Share
Previous Post

Муамер Доко:Пријатели,честитките за Бајрам,што ми ги пративте мене и на сите сограѓани Муслимани ми ја стоплија душата

Next Post

Нов земјотрес регистриран меѓу Охрид и Ресен, земјата никако да се стабилизира

Next Post

Нов земјотрес регистриран меѓу Охрид и Ресен, земјата никако да се стабилизира

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 88

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk