Црвен крст – Охрид за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст – Охрид објавува повик за пријавување на кандидати за Курс за спасители на отворени води.
Обуката која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода, содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во Охрид во периодот од 18-25 јуни 2018 г.
Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:
– да се на возраст не помлади од 18 до 35 години (да достават соодветен доказ-извод на родени, лична карта);
– да достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа.
Повикот е отворен од 01 до 15 јуни 2018 година, а кандидатите можат да се пријават, лично, во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 8-16 ч., електронски преку Фејсбук страницата на Црвен крст -Охрид или на телефоните 046 261-909, 046 262-706, 070 315-309.
Публицитет.мк