Новата година е на прагот.За разлика од досегашните, оваа (според протоколите)би требало да ја дочекаме во домашна атмосфера во кругот на семејството и по некој пријател.
Овој пат ,покрај другото ,ќе се потсетуваме на некои други „нормални“Нови години кога таа се дочекуваше во сосема поинаков амбиент кога музиката ,танцот, другарувањето беа неизбежен и нормален дел од новогодишната атмосфера.
А во тие сеќавања сигурно ќе си потпевнуваме по некоја новогодишна песна кој ја обележала некоја Нова година ,песна која најмногу се слушала и на чии звуци најмногу се танцувало.
Една од нив секако е песната „Нови години“ на белградската група „У шкрипцу“која членовите на групата ја создадоа и изведоа во 1983 година.
Овој рок бенд беше создаден во 1980 година од страна на клавијатуристот Зоран Вуловиќ „Вуле“, вокалниот солист Милан Делчиќ и гитаристот Александар Васиљевиќ „Васа“. Нешто подоцна бендот се комплетира уште и со тапанарот Милош Обреновиќ и бас гитаристот Александар Лукиќ.
Во 1982 година го издаваат својот дебитантски албум „Години љубов“каде бендот свири музика во стилот на експериментален пост –панк звук.Во тој период групата не била позната на просторите на тогашна Југославија.
Но, веќе со нивниот следен албум „О је“издаден во следната 1983 година и синглот од албумот „Нови години“бендот постигнува голем успех на сојузно ниво и станува популарен во цела Југославија.
Во 1984 година го издаваат третиот албум насловен како „Да бидеме заедно“ кој заради промената на стилот на музиката ќе доживее неуспех кај публиката и критиката. Сето ова било причина бендот за прв пат да се распадне.По ова неколкупати Делчиќ и Вујовиќ направиле обид групата повторно да се собере но безуспешно.Сепак, конечно тоа им успева во 1989 година кога повторно покрај нив во групата се приклучуваат Васиљевиќ и, Лукиќ но и новиот басист Дејан Шкопељ. Тие во 1990 година го издаваат албумот „Изгледа ние сме сами“кој важи за еден од нивните најдобри албуми кој доби голем број награди од страна на критиката
Сепак, групата во 1991 година се распаѓа. Бендот накусо во 2007 година одржал заеднички концерт именуван како „20 и кусур години заедно“.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк