Годинава по 15-ти пат на 1 и 2 јули ќе се одржи фестивалот „Канеофест“2016, кој веќе 5 години е во организација и под покровителство на Телевизија „Морис“ од Охрид.
-Од 2013-та година фестивалот разви две фестивалски вечери,односно дадовме простор и за звуците на новокомпонираните фолк мелодии,и токму фолкерите ќе го отворат годинешното фестивалско издание на 1 јули,во НУЦК „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот,а следната вечер во истиот термин ќе бидат изведени новите композиции во поп стил.
Композициите и оваа година ќе бидат оценувани според гласовите на публиката и од стручно жири составено од професори по музика.
Покрај прва,втора,трета награда од публика и прва втора и трета награда од стручното жири ќе бидат доделени и наградите за најдобар аранжман,за најдобар сценски настап,за најдобар текст,за најдобар дебитант и ГРАН ПРИ на фестивалот кое го доделува организаторот.
„Канео фест“ ќе донесе околу 40 новокомпонирани македонски народни и забавни песни што е од огромно значење за македонската музика,додавајќи го фактот дека авторските права на сите новоизедени песни и изведувачи веќе се заштитени.
Двете фестивалски вечери ќе бидат дополнети со богат ревијален дел, а фестивалот е поддржан од Општина Охрид, соопштија директороката на фестивалот Кристина Алексиеска, организаторот Јован Трпески (ТВ Морис) и техничкиот директор Антонио Малчески, на денешната средба со новинарите одржана во Општина Охрид.
Публицитет.мк