• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Нови гастрономски и кулинарски искуства по посетата на делегациите од Франција и Ирска на ФТУ – Охрид

октомври 11, 2021
in Омнубус
Нови гастрономски и кулинарски искуства по посетата на делегациите од Франција и Ирска на ФТУ – Охрид

Во периодот од 4 до 9 октомври Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше домаќин на групата  професори од колеџот Жесе де Форе  од Авен сур Елп, Република Франција  и Голвеј-Мајо технолошкиот институт од Република Ирска. Оваа посета беше на заедничка иницијатива на доц. д-р Климент Наумов, од катедрата за гастрономија при ФТУ-Охрид, познатиот француски шеф Кристоф Доверњ  и професор на колеџот Жесе де Форе и проф. д-р Сара Берто од ГМИТ, одговорна за меѓународна соработка на институтот и професор по француски јазик.

Во француската делегација беа исто така Кристел Леруа , професор по менаџмент и шеф на департманот за меѓународна соработка и размена и г-дин Франк Део, заменик директор на колеџот Жесе де Форе. Во посета на ФТУ-Охрид од ирската делегација освен проф. Берто, беше и проф. Мери Рид, наставник по слаткарски вештини на институтот во Голвеј, Ирска.

Француската делегација пристигна на 4 октомври во Скопје, каде попладнето  заедно со доц. д-р Климент Наумов остварија средба со Францускиот институт-Скопје со г-ѓа Сузана Пешиќ, одговорна за јазична и универзитетска соработка и Кампус Франс и г-дин Бранко Чобанов, аташе за култура и помошник на директорот. Оваа прилика се искористи да се стават на маса можностите и начините за промовирање на француската култура низ призма на гастрономијата, а исто така и да се интензивира соработката со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, каде францускиот јазик се изучува како задолжителен на насоката гастрономија.

klime copy

Следниот беше остварена трилатерална средба со делегацијата и раководството на факултетот, проф.д-р Цветко Андреески, декан на ФТУ, проф.д-р Александар Трајков, продекан за настава, проф.д-р Иванка Нестороска и доц.д-р Климент Наумов. На средбата сите детално се запознаа со трите институции и се разговараше за идни можности за продлабочување на соработката преку размена на студенти и кадри.

Во средата 6 октомври,  посетителите го следеа практичниот час по подготовка на традиционална македонска храна под менторство на доц.д-р Климент Наумов и студентите од сите години на насоката гастрономија. Дополнително гости беа шеф Момчило Цониќ , предавач по кулинарски вештини од академијата на Јужна Србија во Лесковац под чие менторство беше подготвена лесковачка мучкалица и шеф Димитар Арнаудоски од Охрид шеф на кујната на Хотел Гарден кој на студентите им одржа мотивациски говор и им даваше совети за подобрување на кулинарските вештини. Во заедничка соработка на четворицата професори и шефови беа подготвени традиционалните специјалитети гравче тавче, пинџур, тегната баница (колбурек), риба на охридски начин, традиционалната раванија. Гостите беа воодушевени од вкусовите на нашата традиционална храна. Со интервенција на шеф Кристоф се подготвија и неколку француски рецепти со користење на локалните производи од риба.

Во четвртокот  на студентите им беше презентиран ГМИТ, а во продолжение беа проектирани демо видеа за подготовка на ирски специјалитети (патка и чаден лосос) со директно вклучување на проф. Имон Холт, предавач по гастрономски вештини и проф. д-р Франческо Ночи, професор по биотехнологија. Подготовката на специјалитети од лосос и патка кои беа презентирани со линковско директно поврзување беше физички демонстрирана од страна на шефот Кристоф Доверњ во кујната на ФТУ-Охрид.

kli

Во продолжение на денот проф. Мери Рид демонстрираше подготовка на чоколадни десерти Таа се претстави со демо мастерклас од областа на чоколатерството и на студентите детално им го демонстрираше целиот процес на темперирање на висококвалитетно чоколадо, подготовка на ганаш и филови и обликување на кондиторските производи со користење на соодветни калапи.

Попладнето делегацијата од Ирска и Франција преводена од доц. д-р Климент Наумов  оствари средба со Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола, проф.д-р Сашо Коруновски, на која се разгледа можности за продлабочување на соработката помеѓу трите институции во насока на промоција не само на гастрономијата како дисциплина која се изучува на УКЛО, туку и во други области кои се заеднички. Се разговараше за тековните и идните заеднички проекти и облици на соработка, а пред се размена на студенти и наставен кадар. Гостите од Франција и Ирска ги придружуваше почесниот конзул на Република Франција, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

Следниот ден, шеф Кристоф одржа мастерклас на кој демонстрираше подготовка на специјалитет од бело месо од живина со смекнат путер, пире од бел грав, глазирани моркови и кафеав сок од живина со путер нуазет (Blanc de volaille au beurre mousseux, purée Soissonnaise, carottes glacées et jus brun de volaille perlé au beurre noisette), понатаму Тарталет од јаболка и спекулоос бисквити со карамел од солен путер (Tartelette pomme/spéculoos, caramel beurre salé) и Нормандиски тарт со печени јаболка (Tarte Normande aux pommes rôties).

Тој исто така је демонстрираше и техниката за турнирање зеленчук (tourné) и трикови за штедење и создавање помалку отпад во кујната. Шеф Кристоф го објасна и процесот на дифузија на вкусовите во храната преку практичен приказ и користење на соодветни форми на сечење на зеленчукот и другите мирудии во кујната на ФТУ-Охрид.

cok

Соработката со овие институции започна уште во 2017 година со иницијалната посета на шеф Кристоф на ФТУ-Охрид, за таа да продолжи во 2018, 2019 и 2020 година.

Кристоф Доверњ е професор по готварство и член на француската кулинарска академија, а исто така е основач и сосопственик на престижниот сајт за гастрономија „750 g“.

Мери Рид е член на националниот слаткарски тим на Ирска, со освоени бројни награди во полето на кондиторството во светски рамки, експерт за изработка на чоколадни десерти.

 

Д-р Климент Наумов, доцент од областа на гастрономијата

Фотографија: Петар Паунче-Скитник

Публицитет.мк 

Посетеност: 79
Share
Previous Post

Само те гледам. Едно мислиш, друго зборуваш а трето работиш. Браво!

Next Post

Денес им е роденден: Зоран Ќосески

Next Post
Денес им е роденден: Зоран Ќосески

Денес им е роденден: Зоран Ќосески

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 79

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk