• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Публицитет

Нови капитални инвестиции во регионот преку проекти на Центарот за развој на Југозападниот плански регион

март 19, 2021
in Публицитет
Нови капитални инвестиции во регионот преку проекти на Центарот за развој на Југозападниот плански регион

Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во текот на оваа година, ќе продолжи со реализацијата на капитални проекти со цел да се подобрат условите во локалните средини, при што акцентот ќе биде ставен на зголемувањето на енергетската ефикасност на јавните објекти, како и намалување на загадувањето на животната средина.

Во овој проект, чија вредност е 19,2 милиони денари, партнери се шест општини од регионот – Охрид, Дебрца, Кичево, Дебар, Пласница и Македонски Брод. Преку Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа за 2021, се очекуваат средства и за подобрување на патната инфраструктура во општините Охрид, Струга, Вевчани и Центар Жупа, за што, иницијално, одобрени се 5 милиони денари, а дополнително ќе се прават напори за обезбедување  уште 17 милиони денари за целосно финализирање на проектните активности. Овие два проекти, кои се дел од Акцискиот план за работа на Центарот за развој за 2021 година, деновиве, одобрени се од страна на Советот за развој на Југозападниот плански регион и истите треба да бидат завршени до крајот на годинава.

0001 јп

Во тековниов период, интензивно се работи на завршување активностите за реконструкцијата на базенот за физикална терапија во специјалната болница Свети Еразмо, инвестиција во вредност од над 8 милиони денари. Средствата се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, преку проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој.

Центарот за развој на Југозападниот плански регион е во фаза на донесување на одлука и потпишување на договори со најповолните понудувачи за вршење енергетски контроли на 12 објекти, и подготовка на техничка документација за подобрување на енергетската ефикасност преку реконструкција на 13 јавни објекти во деветте општини од Регионот. Проектот е во висина од 6,8 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.

Деновиве, Советот за развој на Регионот, на својата 14-та седница, покрај утврдувањето на активностите за тековниов период, ги разгледа извештаите за работата на Центарот за развој, за измината година, при што беше истакнато задоволство од степенот на реализација на проектите во Регионот. Во 2020 година, преку проекти на Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, реализирани се капитални инвестиции во вкупна вредност од 53,3 милиони денари.

Публицитет.мк

Посетеност: 97
Share
Previous Post

Влада на Република Северна Македонија: Минималната плата ќе продолжи да расте, обвинувањата на КСС се неосновани

Next Post

И денеска загрижувачки бројки: Нови 999 случаи на ковид-19 и 21 починати лица

Next Post
И денеска загрижувачки бројки: Нови 999 случаи на ковид-19 и 21 починати лица

И денеска загрижувачки бројки: Нови 999 случаи на ковид-19 и 21 починати лица

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 97

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk