• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Нови пет предлог книги

септември 14, 2022
in Култура
Нови пет предлог книги

Во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од денеска побарјте ги следните интересни наслови:

Последната кралица од К.В. Гортнер во издание на Култура.

Хуана од Кастилија, последната кралица со чиста шпанска крв што го наследи престолот на својата земја,со векови е енигматична фигура обвиткана со неверојатна мистериозност. Дали таа беше вдовица, како што вели легендата, која беше полудена од нејзината загуба, или историјата погрешно ја проценила жената што била пред своето време?

Ангел во тело од Билјана Тинтоска од Прилеп  е роман, во кој таа, со зборови ја плете суштината на животот, тајните на радоста, среќата, тагата, стравот и вербата, вредностите кои не се гледаат со очите, ами се допираат со душата. Наместо вовед во романот, Тинтоска ги избрала стиховите на една извонредна стара македонска песна: „Чуј бледи докторе“.

Ловец на зајаци од Лаш Кеплер од Шведска е роман во издание на Матица македонска  и во предговорот стои: – Десет мали зајаци, сите облечени во бело се обидоа да летнат до небото со летачка. Врвцата на летачката се скина и сите паднаа долу. Место на небото отидоа во… Тукушто се стемнило, Софија во големата луксузна вила на периферијата на Стокхолм ја чека новиот клиент.

Уште едн роман од актуелната Јелена Бачиќ – Алимпиќ Клетва издание на Матица македонска.

… Кога Втората светска војна ќе пристигне на портите на мирното банатско село, идиличниот живот на семејството Станимировиќ од корен ќе се промени. Таткото Јован е приморан да се вклучи во борбата против окупаторот, а најстарата ќерка Душанка му дава завет дека ќе направи сè за да ја заштити мајка си и трите помлади сестри. Во тоа ќе ѝ помогне баба Радојка, надалеку позната по своите моќи и напивки. Дали вистинскиот завет е клетва која ќе се вгнезди во нивните животи? И покрај сите ужаси и страдања, само со љубов може да се слави животот и да се живее, секогаш и засекогаш, тоа е пораката од авторката Бачиќ – Алимпиќ.

Украдено дество од Захарули Спасеска во издание на Збор.

Симона и Јован се запознаваат во Охрид каде што се дојдени од различни градови да студираат. Тоа е љубов на прв поглед, искрена и чиста. Нивната радост е попречена од родителите и на двајцата кои се против оваа љубов. И двајцата не разбираат, зошто родителите се против нивната среќа. Можат ли родителите да се непријатели на среќата на децата? Мајката на Симона открива страшна тајна поради која се противи на оваа врска, но сепак и двајцата ја избираат љубовта.

Нивната радост не е целосна поради противењето на родителите, но тие запливуваат во морето на љубовта која завршува со брак. Среќни се и уживаат во животот. Нивната радост е преголема со доаѓањето на нивната ќеркичка во нивниот живот. Сè е убаво до еден кобен момент…  

Што се испречува на оваа среќа?   Чие детство е украдено?

Библиотеката е од отворен тип и читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.

Охридската библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот.

Читалната во одделот за издавање е отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката.

За потсетување годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

Прличевата одаја  во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.

Публицитет.мк 

Посетеност: 138
Share
Previous Post

Мастер Клас со Иан Рошлин и Боби Мојсовски

Next Post

Денес им е роденден: Анета Вршкоска Јованоска

Next Post
Денес им е роденден: Анета Вршкоска Јованоска

Денес им е роденден: Анета Вршкоска Јованоска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 138

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk