• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Нови подoбри услови за работа во „Охридска банка“ во Охрид

јули 30, 2015
in Актуелно

Вчера беше официјално отворена целосно реновираната административна зграда на Охридска банка во Охирд.

 

 

Со оваа значајна инвестиција се уредија просториите кои целосно соодветствуваат со стандардите на Сосиете Женерал Групацијата. Зградата овозможува удобна работна атмосфера за вработените и ги пресретнува сегашните и идни потреби на банката и клиентите.         

Реновираната административна зграда беше отворена од страна на Претседателот на Управен одбор на Охридска банка – Бранка Павловиќ, Директорот на Европа од Сосиете Женерал – Џанлука Сома и Гувернерот на НБРМ – Димитар Богов во присуство на почесни гости, бизнисмени и вработени.             

 image003

„Причина за оваа празнична вечер е свеченото отворање на целосно реновираната зграда на Охридска банка, тука во прекрасниот град Охрид. Со тоа што инвестираме во Охрид, оддаваме посебно внимание и ја потврдуваме нашата посветеност во местото каде што се корените на Охридска банка. Ова претставува значајна инвестиција со која се зајакнува позицијата на банката на локалниот пазар и во регионот” – рече Претседателот на Управен одбор на Охридска банка, Бранка Павловиќ.

„Во последните осум години, Охридска банка има значајна улога во рамки на Сосиете Женерал Групацијата. Овде сум денес да ја потврдам континуираната поддршка на Охридска банка. Уверен сум дека административната зграда во Охрид ќе ја подобри оперативната ефикасност на подружницата и ќе ни помогне да се издигнеме пред идните предизвици” – забележа Директорот на Европа од Сосиете Женерал, Џанлука Сома.

„Кога пред две години го префрлија седиштето на Охридска банка од Охрид во Скопје, тогаш раководството на Банката вети дека истите услови ќе ги овозможи за вработените и клиентите и во Охрид. Вечерва се потврдува дека Банката останува посветена на Охрид и продолжува да напредува во рамки на Групацијата 
Сосиете Женерал” – подвлече Гувернерот Богов.

Во оваа прилика Охридска банка ја изрази својата желба и определба да придонесе за локалната заедница. Со цел да ја потврди својата општествена одговорност банката донираше 3.500 евра на општата болница во Охрид за набавка на опрема.

Со заокружување на ова поглавје, Охридска банка е чекор поблиску до реализирање на својата стратегија –  зачувување на долгата традиција на реномирана банкарска институција со постојано подобрување и зацврстување на позицијата на македонскиот пазар.

 

Посетеност: 126
Share
Previous Post

Лаф муабет во „Аквариус“

Next Post

Газираните пијалаци – колку навистина се штетни?!

Next Post

Газираните пијалаци - колку навистина се штетни?!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 126

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk