
Општина Охрид во изминатиот период постави велосипедски постојки на девет локации во градот.
Велосипедски постојки се изградени на улицата „Македонски Просветители“ кај трговскиот центар „Амам“, на улица „Туристичка“ кај охридскиот зелен пазар, кај меѓуградската автобуска станица во Охрид , пред „Маларична“, кај Факултетот за туризам и угостителство, во непосредна близина на поштата, како и пред општинската зграда.
-Целта е да се изградат здрави животни навики и да се редуцира сообраќајот во градот. Проектот е во вредност од 600.000 денари и општината го реализираше во соработка со ГИЗ и ЗЕЛС, информира градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.
извор:Официјална ФБ страница на градоначалникот на Георгиески







