Paulaner низ вековите
Годината 1516. војводата Wilhem IV прогласува баварски закон за чистота со кој се одредуваат состојките дозволени за производство на пиво. Одредено е дека пивото смее да се произведува од три состојки: јачмен ,хмељ и вода. Сите германски производители на пиво до денешен ден доброволно се придржуваат на тој стар закон.
За полесно да го пројдат времето на постот дамнешната 1634. година монасите од манастирот Neudeck за прв пат произведоа јако темно пиво, претходник на денешниот Salvatora.
Она што не би успеале самите да го испијат го разделувале на сиромашните или го продавале на градските крчми. Како се повеќе луѓе го пиеле нивното пиво останатите пивари се пожалиле во гратското собрание на „нелојална“ конкуренција. Овој документ е познат како прв постоечки документ во историјата на Paulaner.
Од 1780.година на Paulaner му е одобрена неограничено произведување и продажба. Веќе на крај на XVIII век производството на ова пиво го надминува целокупното производство на сите останати баварски пивари. 1799.година манастирот „Neudeck“ се затвора и пиварата привремено ја презема државата.
1806.година пиварата ја презема приватен пивар Franz Xaver Zacherl, кој ја модернизира,проширува и продолжува со производство.
1815.година на полјаната „Weisn“, одма до ѕидините на Minhen , никнуваат првите колиби во кој се точи пиво. Пет години порано тука се одржала трка со коњи по повод свадбата на престолонаследникот Ludwig и принцезата Tereza. Тоа беше почеток на најголемата народна веселба на светот,подоцна познат како „Oktoberfest“. Денес Paulaner на Oktoberfest се точи на 6 од вкупно 13 шатора.
1837.година кралот Ludwig I го декларира „Salvator“ како „Предмет на раскош и големо уживање“.
1844.година во Minhen се крева прва пивска револуција во која преку 2000 огорчени становници протестираат поради поскапувањето на пивото за еден фенинг. Во таа прилика разбеснетите пивопивци кршат прозорци, покуќнина и производствените погони на сите околни пивари. Во тој рушилачки протест само Paulaner останува поштеден. Не се знае зошто.
1881.година иноваторот Carl von Linde ја модернизираше пиварата Paulaner донирајќи му еден од првите апарати за производство на лед. Заради тоа како и откритието на парната машина, производството на пиво беше можна во тек на цела година.
1896.година за да го заштити својот производ Paulaner пиварата го патентира името „Salvator“ во царската патент канцеларија во Берлин.
Paulaner со текот на годините се повеќе расте па 1921.година станува доминантен сопственик на хартии од вредност во три познати регионални пивари: Hofbrauehaus од Coburg, Auerbraeu од Rosenheim, и Waitzingerbraeu од Miesbach и Landsberg. Добрите времиња продолшуваат и „Paulaner Salvator“ пиварата во 1928.година се здружува со пиварата Gebruder Thomas од Minhen, a 1985.година на Paulaner групацијата и се придружуваат Hacker Pschorr Braeu од Minhen и во потполност Auerbraeu одiz Rosenheim.
1986.година Paulaner го изненадува светот со првото безалкохолно пшенично пиво- Weissbier, тогаш познато како Waitzinger Weisse. Денес се вика Hefe-Weisser безалкохолно пиво. Година дена подоцна 1987 Paulaner има уште едно изненадување.
На јавноста и се претставува едно од првите класични безалкохолни пива на пазарот, „ThomasBrau“ безалкохолно пиво, денес познато како „Original Munchner“ безакохолно пиво.
Многу важна година во историјата на Paulaner е 1989.година, таа година се гради најдлабокиот пивски подрум во светот, длабок 22 метра, се претставува ново лесно Paulaner пиво со 40% помалце алкохол и калории исто и сплит бокс Paulaner сандак кои се раздвојува на два еднакви дела за полесно носење. Истата година се отвара првата Paulaner пивница /микро пивара/ која со разни специјалитети нуди пиво произведено во самата пивница наместо од фабричкиот погон. Се наоѓа во Минхен на Kapuzinerplatz, како и главната кацеларија на Paulaner ресторанитево комбинација со пивница. По Минхен такви пивници добиваат и Дрезден, Шангај, Сингапур, Манила, Будимпешта и Кејп Таун.
Од 1994.година до тогаш позната како „Paulaner Salvator ThomasBraeu AG“ пиварата почнува да работи под името „Paulaner Brauerei AG“.
Развојот продолжува и Paulaner 1996.година ја превзема баронската пивара Thurn&Taxsis, и тргнува со истоимена маркетинг фирма. Истата година Paulaner корпорацијата станува „Paulaner GmbH&Co“ а призводството на пиво преоѓа рекордна граница оддва милјони хектолитри. Трендот на развојпродолжува и во 2000.година кога „Paulaner забележува рекордна продазба на пшенично пиво- Weissbier – од преку милион хектолитри.
2001.година во соработка со холандската пивара „Heineken“ се поставуваат темелите за идниот државен и меѓународен развој. Истата година почнува да се обновува Nockherberg подрумот кој изгоре во1999.година, за да на 15.05.2002.година се вкупно обновениот Nockherberg подрум го отвори градоначалникот на Минхен.
Пауланеровите пива спаѓаат помеѓу нај ценетите светски пива. При произведувањето не се употребуваат конзерванситака да пивата ја оддржуваат својата оргиналност. На нашиот пазар за сега се присутни три вида Paulaner : „Original Munchner“, „He-Weissbier“ i „Salvator“.
Од прв пат кога е произведен „Original Munchner“ постигна фантастичен успех. ??? хмелестото, светло и племенито сјајно пиво стекнуваше со време се повеќе обожаватели. Денес е„Original Munchner“ со својот префинето зачинет, природно лесен вкус најпродавано минхенско светло пиво на светот а воедно Paulaner извезувано пиво број еден.
„Hefe-Weissbier“, природно матно пиво е посебен специјалитет на пиварата Paulaner.
Специјално одгледуваниот јачменов квасец му дава единствен и незаменлив карактер, благодарејки на кој е „Paulaner Hefe-Weissbier“ најпродавано бело пиво на светот наспроти многу јаката конкуренција. Не поаѓајќи за време на вриењето низ филтери неговата природна оргиналност останува сочувана , исто како и витамините, минералите и сите останати хранливи елементи кои ова исклучително пиво ги содржи. Ако сакате во потполност да го осетите ова пиво прелијте ја чашата со ладна вода и после тоа сосема полека инезно да го точите пивотоод флаша при сто чашата ја држите готово во вертикална положба да не се пени петерано.
„Salvator“ ,јак и препознатлив прататко на сите Paulaner пива. Тоа многу јако и темно пиво ги обединува вкусовите на фин хмел и темен јачменов слад. Како сто веќе наведовме на монасите Salvator им претставуваше алтенатива во време на постот од вообичаената исхрана и тоа со божии благослов
За крај на овој наш краток преглед на историјата на Paulaner пивата би сакале да ви дадеме до знаење дека во денешно време на големи можности од избори на навистина добри пива обрнете внимание на оригиналноста на вашиот хмелест фаворит. Paulaner ви гарантира таква оригиналност до денешен ден непроменет рецепт на отецот Barnabas, управителот на манастирската пивара од 1773.година и на само едно место на светот каде Paulaner се произведува а тоа е Минхен.
Размислите за тоа. На здравје!
Публицитет.мк