Проектчево како идеја се роди во тешките времиња на карантините, па малку почнав да учам анимација, видео монтажа, камери и други “гаџети” за да не седам така и полека полека го натокмив ликот.Целта е да си ги анимираме дечињата во градов, да ги запознајме, да ги претставиме на јавноста тие што се истакнуваат во добри дела, вели авторот на проектот Јовица Каралиевски и додава:
-Ликчево “Ка Двојче” го нацртав на ливче со пенкало, па малку со фломастери го обоив, за да после професионално го доврши Bojan Simonoski и некои рандом дечки од Индија. Знам дека на сите нема да им се допадне, знам дека можеби не сме најдобри во старт, ама ние ќе си го тераме колку шо мојме подобро.Се мислев со што тематика да го стартовам и со какви гости и на крајот решив да си го почнам со она по кое ме знаат во Охрид, а тоа е фестивалчето Распеано Рибарче. Така што во наредните емисии покрај другите содржини ќе имаме неколку учесници од РР 2022(оние кои ќе сакаат и за кои родителите ќе дадат согласност), вели композиторот Јовица Каралиевски.
Публицитет.мк