Во среда на 23 декември од 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во чии рамки и делува Градскиот хор ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт.
Според зборовите на раководителот и диригент Бурим Хидри одбрана е интересна и популарна програма прифатлива за сите сладокусци во хорското пеење.
Хорот ќе ги изведе следните композиции:
Donna nobis – trad. canon;
Ubi Caritas – O. Gjeilo;
Gaudeamus igitur – trad. arr. Burim Hidri;
BIljana platno beleshe – S. Mokranjac;
Shto mi e milo – S. Gajdov;
Silent night – Pentatonix;
Happy x-mass- J.Lennon arr. Burim Hidri;
Deck the halls – trad.;
Shosholoza – trad. South African;
Новогодишниот концерт е отворен за сите и влезници не се наплаќаат.
-Во годината што останува зад нас Градскиот хор може да се пофали со редовни проби, збогатен репертоар со 20 нови композиции од разновиден карактер , од духовна до поп музика.
Хорот настапи на реномираниот Хорски фестивал ТЕХО во Тетово, одржа самостoен концерт и настапи на десеттина други пригоди и свечености. Дел од репертоарот, збогатен со композиции кои прилегаат на дочекот на новото лето публиката ќе може да слушне и на концертот во среда, вели диригентот и раководител Бурим Хидри.
За следната 2016 година хорот ќе ја збогати својата програма, планирано е хористите да патуваат во странство и да имаат настап на некој меѓународен хорски фестивал.
Она што е најважно хорот постојано има отворени врати за талентираните сограѓани, за оние кои сакаат ентузијастички да работат и да го пополнат своето слободно време.
Публицитет.мк