• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, мај 14, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Новогодишен концерт за паметење на „Охридско лето“ со извонредниот квартет „Диогенес“

декември 16, 2022
in Тикер
Новогодишен концерт за паметење на „Охридско лето“  со извонредниот квартет „Диогенес“

Настан за паметење проследен со бурни овации и ракоплескања од страна на публиката донесе синоќа новогодишниот концерт со светски познатиот квартет „Диогенес“ во организација на фестивалот „Охридско лето“.

Со специјално одбрана програма на дела од Јозеф Хајдн, Ервин Шулхоф и Јоханес Брамс, младите виртуози од светот на класичната музика, Стефан Кирпал и Гундула Кирпал на виолина, Алба Гонзалес и Бецера на виола и Стивен Ристау на виолончело приредија несекојдневно воодушевување за љубителите на класичната музика во Националната опера и балет во Скопје.

 319186203 2374040759426626 4059618395713235898 n

-Изминативе 62 години Националната установа „Охридско лето“, како претставник и промотор на врвната уметност, прикажува едно континуирано високо ниво на програмски содржини и ексклузивни уметници, како од земјава, така и од светот.  Нашата заложба е фестивалската рамка да ја прошириме и надвор од традиционалната, 12 јули-20 август, и тоа успешно го правиме изминативе години. Горда сум што сега за првпат успеавме да реализираме новогодишен концерт со што потврдуваме дека сме скалило погоре во негувањетo и презентирањето на врвната уметност. Тоа е единствениот начин со кој  ја оправдуваме водечка улога за обезбедување и презентирање на културните вредности, рече директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Обраќајќи се пред почетокот на концертот, министерката за култура на Република Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска, рече дека „Охридското лето“ не познава годишни времиња, туку е фестивал кој надминува какви било врамувања.

-Едноставно, ова е фестивал кој во себе ја има длабоката суштина на уметноста со што стана еден од  најпрепознатливите брендови на земјава, во регионот и во Европа. „Охридското лето“ својата мисија на пријателски мост  со светот ја шири и со овој празничен концерт. Се разбира дека сите фестивалски вечери на оваа институција се празник, но оваа вечер, пред Нова Година носи посебна свеченост и грижа за публиката. Фестивалот ни порачува  дека  врските кои културата ги гради се нераскинливи и трајни,  и дека  уметноста  го облагородува животот и ги обединува луѓето, што е осбенво важно во време на празници. „Охридското лето“ ја покажува својата големина испишувајќи ја својата приказна во текот на целата година, најавувајќи нови копродукции и настани во рамки на Иницијативата Отворен Балкан, и како членка на Европската асоцијација на фестивали, истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

319526030 1247681895812567 3241370951438425193 n

За љубителите на класичната музика, директорката Наташа Поповиќ најави и осмомартовски и велигденски концерт во организација на „Охридско лето“, а за претстојното 63-то „Охридско лето“ пак, откри дека нѐ очекуваат 40 фестивалски вечери со настап на светски познати но и докажани домашни уметници.

-„Охридско лето“ е предизвик, секоја следна година да биде поголемо и позначајно, да се надополнува и надградува со нови содржини, токму благодарение на поддршката што ја добиваме од Претседателот на државата како покровител на Фестивалот, Министерството за култура, Општина Охрид, од нашите спонзори и помагатели, како и од Амбасадите во Република Северна Македонија, додаде Поповиќ.

Во прекрасниот настап на уметниците од Германија уживаа бројни љубители на уметноста меѓу кои дипломати и познати личности од јавниот живот.

Публицитет.мк 

Посетеност: 67
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Владимир Василески – Четкар

Next Post

И така… Додека чекаш некои работи да се променат, ќе се промениш ти.

Next Post
И така… Додека чекаш некои работи да се променат, ќе се промениш ти.

И така... Додека чекаш некои работи да се променат, ќе се промениш ти.

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 67

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk