Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално, 19 година по ред, ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.
На уникатен начин им ја честитаат Новата година и божиќните празници на граѓаните на Република Северна Македонија.
Подводната елка ќе биде своевидна атракција во склоп на музејот во пресрет на новогодишните празници, вели Јован Секулоски, претседателот на Нуркачкиот центар АМФОРА.
Публицитет.мк