Токму на Нова Година, кај многумина луѓе се јавува потребата за негување на старите традиции.
Но, во речиси секоја европска земја тие се поинакви, постои голема разновидност на новогодишни обичаи.
На пример, во Шпанија. Целата земја во новогодишната ноќ втренчено гледа во часовникот:1 2 удари на часовникот значат вовед во новата година, а непосредно пред нив се јадат 12 зрна грозје, што наводно носи среќа.
„Мораме да ги изедеме пред да почне Новата Година, во секоја секунда едно зрно.“
Прилично голем предизвик, чија последица е што секоја година во страв од несреќна година, многумина Шпанци се засркнуваат со грозје. Биењето на ѕвоната на мадридската општинска зграда во меѓувреме е забавено, па така сега за јадење на 12 зрна грозје има половина минута време.
Дагмар Хенел, културолошки антрополог од Покраинското здружение Рајнланд, објаснува:
„12 е број полн со симболика. Таа се отсликува и во 12-те месеци, а со нив и во годишниот круг, кој истовремено завршува и почнува наново во новогодишната ноќ.“
Следна станица: Велика Британија – на целиот остров на сите прослави во новогодишната ноќ не смее да фали една песна. Кратко по полноќ следува „Auld Lang Syne“.
„Дали треба да биде заборавена старата блискост, станува збор за минатото и сеќавањето на луѓето кои веќе ги нема, кои веќе не се тука. Луѓето стојат фатени рака под рака во круг и се нишаат во ритам на музиката,“ објаснува една постара Британска за што станува збор во песната.
Во меѓувреме оваа песна се пее на Нова Година во цел свет. Текстот е всушност песна на Шкотлаѓанецот Роберт Барнс, отпеан на стара келтска мелодија.
Во Шкотска “„uld Lang Syne“ е дел од прастарата новогодишна прослава „Hogmanay“. Таа почнува на 30 декември со поворка со носење факели, како на пример во Единбург.
Оној кој во Шкотска сака да им посака среќа во новата година на соседите, ги посетува носејќи малку виски, пециво со суво грозје и парче ќумур.
Италија, католичка земја со вистински фриволен новогодишен обичај.
Овде во новогодишната ноќ се носи црвена долна облека, која изгледа убаво и наводно носи среќа.
Извор: dw.com