Во „Белата ноќ“ на 7-ми септември, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе реализира неколку програмски активности.
Со почеток во 20 часот во просториите на Библиотеката ќе бидат доделени благодарници на дел од лицата кои во изминатиот период донирале книги за Установата.
Во 20 часот и 30 минути ќе биде отворена изложба на стари и уникатни книги, сопственост на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
Од 21 часот ќе започне поетско читање на членовите од Литературниот клуб „Григор Прличев“ – Охрид.
Со реализирањето на овие активности Библиотеката се вклучува во одбележувањето на 25 годишнината од осамостојувањето на Република Македонија.
Публицитет.мк