• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Нуланд во актовката носи малку надеж и многу критики!

јули 12, 2015
in Актуелно

Што навистина може да донесе посетата на Нуланд. Аналитичарите не очекуваат премногу. Заев и Груевски се во своевидно преговарачко затишје и не може да се очекува повлекување од нивните црвени линии. Нуланд доаѓа денеска, утре доаѓа Хан.

Експертите очекуваат дека Нуланд во овој момент може само да го остави во живот преговарачкиот процес, како надеж за решение во некоја блиска иднина, но таа нема инструмент да го донесе решението.

Пред неколку дена во интервју за Фактор екс амбасадорот Зеколи рече дека од посетата на Нуланд може да се очекуваат само колоритни изјави и неколку реда критики, но ништо повеќе тоа.

„Брисел е веќе небитен во нашата приказна. Мислам дека однесувањето на Комесарот Хан беше сепак од полза да конечно и јавноста разбере дека евро-бирократијата е заложник на своите кратковидости и промашени политики од кои веќе не може да се ослободи без длабоки, многу длабоки резови во своето целосно компромитирано претставништво во Скопје и надлежните за Македонија во Брисел.

За разлика од порано кога секој нивен предлог се прифаќаше како беспоговорно свето слово, отсега понатаму нивните замешателства ќе бидат неизбежно скрутинизирани до детали од домашната јавност. И во тоа нема да им помогнат ниту овдешните апологети од владината медиумска камарила, но и грант-опозицијските инсталации.

Од друга страна, по пораките на Меркел за тоа кои земји од регионот имаат иднина во ЕУ и игнорирањето на Скопје, мислам дека и улогата на Вашингтон е сериозно ставена пред предизвик.

Бидејќи со бришењето на евро-интегративната иднина на земјата, на Вашингтон им се одзема инструментот шаргарепа и им преостанува само инструментот стап, кој не сум сигурен дека се спремни да го употребат кон власта. Барем судејќи по тоа колку американски државјани имаат во оваа наводно “про-руска” влада. 

Затоа не ни очекувам некој позначаен исход и од претходната посета на Нуланд, сем колоритни изјави, филувани со ред-два критики колку за да се импресионира јавноста. Нуланд имаше шанса да допринесе кон подобро при минатогодишната посета, по која наместо подобрување станавме сведоци на целосна ерозија на системот и ескалација на тензиите, вклучително и Куманово“, изјави Зеколи.

Нуланд утре треба да пристигне во Скопје. Првата средба треба да ја има со лидерот на опозицијата Зоран Заев во 10:30, а ќе престојува во земјава само неколку часа.

Таа пред два дена од Дубровник испрати порака до Заев и Груевски да се фокусираат на реализација на препораките од еврокомесарот Хан, и потенцираше дека е потребно и решение за името, за отворање на европската агенда на Македонија.
 
Извор: Фактор.мк
 
Посетеност: 215
Share
Previous Post

DW – Села: Македонија – бинационална држава

Next Post

Уште од 19 век, жените се подолговечни од мажите: Еве зошто!

Next Post

Уште од 19 век, жените се подолговечни од мажите: Еве зошто!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 215

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk