Во рамки на честувувањата посветени на патронот на Охрид, Свети Климент Охридски, вчеравечер во Центарот за култура “Григор Прличев” беше отворена изложбата ” 100 години од раѓањето на Вангел Наумоски”.

Љубителите на уметноста имаа можност да ја видат уникатната збирка на овој еминентен сликар, која е во сопственост на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо Охридски“ – Охрид.

Промотор на изложбата беше проф.д-р Димитар Пандев. Пред присутните свои поздравни обраќања Рубенс Наумовски, син на Вангел Наумовски и градоначалникот Кирил Пецаков
Фото: Општина Охрид .
Публицитет.мк