• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 10, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Објавен видео конкурсот на тема „Зошто Европа си ти“

мај 29, 2019
in Тикер
Објавен видео конкурсот на тема „Зошто Европа си ти“

По повод годинешното одбележување на Денот на Европската соработка, Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија објави видео конкурс на тема „Зошто ЕВРОПА СИ ТИ?”.

Учесниците се поканети да подготват кратко видео на македонски јазик или на англиски јазик, направено со паметни телефони  со максимално времетраење од 40 секунди. Конкурсот е отворен за сите граѓани кои живеат во регионите на прекуграничната соработка помеѓу двете соседни земји, како и за сите средношколци и студенти.

Видеата треба да одговорат на прашањето: „Како Европа е во твоја корист”, односно „Зошто ЕВРОПА СИ ТИ?” што е слоган на годишната кампања на Денот на Европската соработка 2019.

Според условите на конкурсот, подготвените видео презентации треба да се достават на адресата jts-ipa-cbc@mou.gr најдоцна до 30-ти јуни 2019 година. Жирито формирано од Програмата, ќе избере група финалисти, а победничкото видео ќе биде изгласано на денот на изложбата имено, на денот на одбележувањето на Европската Соработка која ќе се одржи во текот на месец Септември / Октомври, 2019 година. Победничкото видео ќе добие признание и паметен часовник како награда.

Општина Охрид како и секоја година ќе даде поддршка на активностите за одбележување на Денот на Европскатa Соработка.

извор:www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 61
Share
Previous Post

ТОА БЕА ГОДИНИ: „Живот во розово“ – Едит Пјаф

Next Post

Нови наслови во Библиотеката „Григор Прличев“

Next Post
Нови наслови во Библиотеката „Григор Прличев“

Нови наслови во Библиотеката „Григор Прличев“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 61

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk