• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Објавено е второ изменето и дополнето издание на „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ од Свето Стаменов

ноември 16, 2022
in Во потрага по трајната убавина
Објавено е второ изменето и дополнето издание на „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ од Свето Стаменов

Од печат штотуку излезе второто изменето и дополнето издание на книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на несомнено еден од најплодните македонски публицисти, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје, Свето Стаменов, чие прво издание беше објавено во 2020 година.

 Ова второ изменето и дополнето издание е посветено на 95-годишнината од смртта на, според многумина најзначајниот Македонец на XX век Крсте Петков Мисирков,   основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис и на автохтоноста на македонската национална свест, револуционер и бескомпромисен борец против туѓите пропаганди и за македонска национална афирмација и основоположник и активен учесник во македонските научно – литературни и национално – политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија и раководител на Тајниот македонско – одрински кружок – ТМОК. Крсте Петков Мисирков –  филолог, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално – политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво, автор и издавач на првото списание на современ македонски јазик „Вардар” и на македонската „златна” книга „За македонцките работи” која, пред сè, е одраз на неговата бескомпромисна борба за самостојноста на македонскиот народ токму во времето на најжестоките пропаганди на соседните држави, но уште повеќе, дело од непроценлива вредност за македонскиот народ во неговата вековна борба за слобода и за создавање сопствена македонска држава и сопствен македонски литературен јазик. Но, и книга која претставува „Македонска национална програма“, која е актуелна и денес, речиси 120 години по нејзиното објавување. Едноставно, како што истакна во своето интервју покојниот академик Блаже Ристовски, кој целиот свој работен век го посвети на животот и делото на Крсте Петков Мисирков, „да се зборува за Крсте Петков Мисирков денес значи да се зборува за најзначајната линост во новата национална и културна историја на Македонија. Тој е претставник на македонската интелигенција од крајот на XIX и почетокот на XX век и на Движењето, новото движење, како што го именува самиот тој, што претпоставуваше македонска нација, македонски јазик, македонска црква и македонска национална држава”.

            Книгата содржи 20 радио – интервјуа (разговори) со еминентни универзитетски професори, македонисти, извонредни познавачи и почитувачи на грандиозното дело на Крсте Петков Мисирков. Поделена е на три дела: интервјуа посветени на 90-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков, резлизирани во периодот од 26 јули 2016 до 21 февруари 2017 година; интервјуа посветени на 115-годишнината од објавувањето на македонската „златна“ книга „За македонцките работи“, реализирани во периодот од 15 октомври до 19 ноември 2018 година и интервјуа посветени на 95-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков, реализирани во периодот од 28 мај до 16 септември 2021 гдина. Така, во рамките на редовната попладневна програма „Актуелно” и авторскиот проект „Quo vadis”, свои видувања за одделни аспекти од животниот пат и од творештвото на Крсте Петков Мисирков изложија: проф. д-р Васил Тоциновски, проф. д-р Људмил Спасов, проф. д-р Снежана Веновска – Антевска, проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, академик Блаже Ристовски, д-р Славчо Ковилоски, проф. д-р Марија Коробар – Белчева, проф. д-р Елена Јованова – Грујовска, проф. д-р Максим Каранфиловски, проф. д-р Лидија Тантуровска и доц. д-р Ана Витанова – Рингачева.   

И ова второ изменето и дополнето издание на „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на Свето Стаменов несомнено може да се смета за јасен и недвосмилен македонски одговор на најновата антимакедонска кампања што во последниве две – три години континуирано ја спроведуваат бугарските официјални власти и некои бугарски академски кругови со која се негираат посебноста на македонската нација, нејзиниот национален идентитет, нејзината историја и, особено, македонскиот стандарден јазик.

Публицитет.мк 

Посетеност: 123
Share
Previous Post

Никола Тони со ново видео во кое доминира убавината на нашиот Охрид

Next Post

Беркант Мусли со превод на свој хит овој пат на српски

Next Post
Беркант Мусли со превод на свој хит овој пат на српски

Беркант Мусли со превод на свој хит овој пат на српски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 123

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk