Секоја проба за младите членови на ФА „Бисери“ од Охрид во Центарот за култура „Григор Прличев“ е посебно доживување . Викендов кај нив на гости беа членовите на КУД „Ангели“ од Ниш – Србија.
Нормално заедничка дружба изобилуваше со музика, песна и игра и договор за повторна средба и соработка, оваа пролет за Велигден кај нив.
Уметничкиот раководител на ФА „Бисери“ Татјана Узуноска Тренеска ни соопшти дека полека се комплетираат со машки и женски носии и дека наскоро на сцена ќе блеснат со 24 комплети носии од Малешевијата.
Taа со посебна радост ни кажа дека нашата сограѓанка Вера Дојчиноска, баба на две деца, членови на „Бисери“ Огнен и Бојан Секулоски им сплетила и подарила 15 пара женски чорапи. Како донатори овој период се појавија и д-р Никола Костурски од Битола и д-р Јасна Митреска и Драган Тренески поранешни членови на КУД „Бисери“- Охрид како и фирмите Инфо Биро и Тамаро.
Публицитет.мк