Утре, петок во КИЦ -Културно Информативен Центар -Скопје во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Обоена колекција на радост“ од ликовниот уметник Сашо Блажес од Охрид.
На изложбата ќе бидат прикажани најновите дела на авторот кои оваа година. Поголемиот дел беа изложени оваа година во МАНУ -Куќата на Уранија-Охрид и на изложбата во рамките на Струшките вечери на поезијата. Тоа се 20 слики изработени во техниката акрил на платно и пет цртежи на хартија.
Изложбата во Скопје вљубениците во ликовната уметност ќе може да ја видат до 14 декември и ќе биде отворена сите денови освен во недела.
-Сашо Блажес на оваа изложба постави дела кои со својата сликовна еманација се со нова, еволутивна подразбирлива изразност до колку се познаваат предходните фази и процеси во неговото уметникување. Првичната афирмација ја стекнува со графики и цртежи, колоритно изработени во комбинираните техники. Од нив се изчитува сложен , дескриптивен свет на алегорична и гротекстна симболика на ликови и фигури. Тие сценски раскази изработени со арабекстен ракопис јасно ги дефинираат внатрешните светови на фантазмот егзатно опишан да е секому поимлив, во секого присатен низ личните отелотворени сновидениа. Во следниот период се посветува на сликарството које е во еден дел бихевиорален , сега веќе во овој секојдневен свет, некаде саркастично поентиран, експресивно о колористички авторски потврден…
Најновиот циклус на слики поставен на оваа изложба кај Блажес обединува определен став каде ги дава одговорите на идејно-творечката синтакса со промислувања за формите на сликарскиот артизам. Во природата на уметноста да уметникот ги артикулира своите креативни пориви како ; миговно бележење на инспиративни сензации, интроспективни понирања и самоанализа, корективна воздржаност во секој сегмент низ чинот на создавање..Сликарот свесно се препушта во ретинални и катарзичлни одлуки верувајќи дека низ периодите на творечкото усовршување сите мисловни и духовни бранувања неименовно водат кон персонифицирање на сопственото ‘Јас’.
Сашо Блажес сликајќи го напушта наративниот момент, алузивниот метафоричен предизвик.. Проектира принцип со јасна ликовна архитектура од гестуална и експресивна акција. Колоритот е интензивен, треперливите повлекувања на широките потези низ целата површина на платното како спирални вртлози водат кон епицентри кон повеќе енергетски средишта . Но, воедно и ги напушта и проширува со осмислена конгитивна експозиција низ целиот композицијски простор. Со еден ваков стилски издржан континиум , изложените дела нудат една интегрална целина со заедничка стилска органика. А внатрешниот структурен супстрат кај авторот ќе имплицира идни, дивергентни смерници на истражувања со кои како и до сега, колегата Сашо ќе ги збогатува и оплеменува својите идејни предожби за светот на нови ликовни поетики…,вели ред.проф. м-р Мирко Вујисиќ, ФЛУ -Скопје.
Публицитет.мк