Новата серија интервјуа со познати и помалку познати личности од Охрид, Македонија и пошироко кои ги подготвува авторот и водител Милчо Јованоски, по летната пауза од 13 октомври повторно на „Публицитет.мк“.
Се менува само терминот на првата објава на аудио интервјуата кои одамна се препознатлив белег на интернет порталот. Наместо во петок по 23 часот, од средината на октомври ќе можете да ги видите, прочитате и слушнете премиерно секоја сабота од 18 часот.
Две емисии од новиот серијал се снимени чекаат ред на монтажа. Во меѓувреме идната сабота ќе ја емитуваме третата ретроспектива со извадоци од вториот циклус. Следните две саботи до почетокот на новите интервјуа ќе ги емитуваме двете најслушани и најчитани интервјуа од серијалот „Мојот живот, мојот свет“ од сезоната 2016/ 2017 г. Најчитано и најкоментирано беше интервјуто со проф. д-р Миле Миќуновиќ а второ според вашиот интерес е интервјуто со д-р Наташа Попоска- Карче, стоматолог и уметник.
Време е да ни предложите личности кои заслужуваат да се најдат во серијалот. Се разбира да се одреден позитивен пример во општеството, сеедно дали во професионалниот или приватниот живот. Ваше е да ни посочите а одлуката е наша кого ќе дочекаме нагости како и во изминатите две сезони во култниот „Аквариус“ во Охрид, нашата канцеларија која е начисто место за средби во серијалот „Мојот живот, мојот свет“.
Ваш Публицитет.мк
Публицитет.мк