Од понеделник 2 јули ЈП „Билјанини Извори“ ќе врши наплата на паркирањето од 7 и 30 до 03 часот секој ден од неделата.
Наплатата ќе се врши преку СМС систем и тоа преку следниот телефонски кориснички број 144 644. Ги замолуваме сите наши корисници да го следат упатството поставено на инфо таблите на сите улици на кои ние вршиме наплата согласно СМС системот и строго да се придржуваат кон насоките за користење на паркинг местата.
Доколку имаат нејаснотии или им е потребна консултација сите наши корисници ги упатуваме да се обратат кај нашите контролори или на следниот телефонски број 078 298 – 359.
Публицитет.мк