На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото “Насекаде за секого”. Во тие рамки Ќе бидат организирани следните активности:
Денеска 8 мај 2018 (вторник)
10:30 ч. Полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид (пред седиштето на Црвен крст – Охрид)
10:00 ч. Крводарителска акција – Факултет за туризам и угостителство – Охрид
9 мај 2018 (среда)
11:00 ч. Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст – Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст – Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст
Од денеска 8-15 мај 2018 На сите новороденчиња родени на Гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид во Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, и нивните мајки Црвен крст – Охрид ќе им додели пригодни и корисни подароци.
Публицитет.мк