Први август го донесе шпицот на сезоната во Охрид. Овој продолжен празничен викенд ги руши рекордите барем за ова лето.
Од Градиште до Охрид , попладнево по 17 часот се патуваше цели два часа. За толку време, изјавија неколкумина возачи- туристи ќе стигневме до Скопје.
Долгата колона се згоелми пред и по краткотрајниот дожд кој донесе минимално освежување ама и спарнина.
Патот Охрид – Св.Наум се покажа уште еднаш дека е тесно грло за охридскиот туризам и дека нов модерен пат е неопходен. Каде ќе минува трасата и сличните дилеми ги оставаме на експертите.
Ако сакаме туризам – патната инфраструктура е најважното нешто и заедно со заштитата на Охридското Езеро треба да се врвен приоритет за Охрид и Македонија.
Публицитет.мк