Момците од ансамблот „Билјана“ од Охрид не мируваат. На музички план зад нив е вториот албум кој е пред печатење, го имаа традиционалниот годишен концерт на 4 септември, а синоќа во студиото на Јовица Каралиевски снимија нова песна која наскоро ќе се најде на нивниот репертоар.
Насловот на песната е од „Ј’но до Потпеш“ делo на тимот: Енвер Рашити, музика, Јовица Караливески, аранжамн и Милчо Јованоски,текст.
Судејќи по реакциите на Јован Поп Стефанија, Андреј Лаброски, Христијан Томески и Ангел Трајкоски –членовите на „Билјана“ песната им се допаѓа и ќе биде нова свежина во нивниот веќе познат репертоар од страна на публиката.
Од Ј’но до Потпеш“ е љубовна песна во стилот на охридската серенада и без сомнение откако ќе почне нејзиниот реален живот во кафеаните , сигурно ќе биде барана. Еве само една строфа од неа:
ОД Ј’НО, ТИ МИЛА ШТОМ ТРГНЕШ КОН ПОТПЕШ
ВОЗДИШКИ КО БРАНОЈ СИЛНИ МИ КРЕВАШ
КО ЗАДОЦНЕТ ПОЕТ, САЛ СТИХОВИ РЕДАМ
А ВЉУБЕН СУМ ВЕЧЕРВА ПАК, ПАК ЌЕ ТЕ СЛЕДАМ.
Публицитет.мк