Напоредно со студентско- училиштните обврски момчињата од ансамблот „Билјана“ од Охрид успешно го тераат музичкиот живот.
Повремено настапуваат по кафулињата и рестораните во и надвор од Охрид,а како што неодамна најавивме тие влегоа во студио и ја снимија првата песна од замислениот албум со нови староградски рефрени кој треба да биде готов до наредното лето.
Тоа е композицијата „Од Ј’но до Потпеш“ од авторите: Енвер Рашити – музика, Милчо Јованоски- текст и Јовица Каралиевски -аранжман.
Песната е веќе поставена на YOUTUBE каналот, а во аудио и видео записот се користени фотографии од познатиот охридски фотограф Емил Јовановиќ специјално работени за и со ансамблот „Билјана“ .
Момците од „Билјана“ наскоро очекуваат да биде отпечатен веќе снимениот албум со стари охридски и македонски песни кој е во пост-продукција и треба само малку за да се најде во продажната мрежа.
Порачуваат дотогаш слушајте ја оваа, нашава новава „Од Ј’но до Потпеш“.
Публицитет.мк