
Во 73-тата година од животот, синоќа во Охрид, како последица од коронавирусот почина Љубен Василески – Саричко, истакнат стопанственик, спортски работник и помагател на спортот.
Василески е роден на 18 август 1948 година. Дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје, а работниот век го помина во автотранспортното претпријатие „Галеб“ со кое управуваше се до неговата смрт.
По завршувањето на активната фудбалската кариера, Василески беше и претседател на Фудбалскиот клуб Охрид.
Погребот ќе биде извршен утре, на градските гробишта во Охрид, во кругот на потесното семејство.
Публицитет.мк







