Во петок (31.01.2020) со почеток од 21:30ч во Аквариус, Охрид уште еднаш ќе докаже колку е хуман!
Ќе не забавуваат дечките од Броз, a настанот е поддржан од LABINO SOUND и Terazza Aquarius.
Дојдете за уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост и со тоа да помогнеме во лекувањето на 12-годишната Ева. Да направиме таа повторно да ја види светлата страна на животот!
На Ева и’ беше дијагностициран тумор на мозокот, а сега се потребни парични средства за Ева да се доизлече со радиотерапија и да продолжи да се радува на нејзиниот живот.
Резервации: 078/915-407
Публицитет.мк