• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Од средбата на Заев, Битиќи и Бесими со делегацијата на Светска банка: Ја прошируваме соработката за поддршка на приоритетите меѓу кои високо место има дигитализацијата на процесите

септември 7, 2021
in Актуелно
Од средбата на Заев, Битиќи и Бесими со делегацијата на Светска банка: Ја прошируваме соработката за поддршка на приоритетите меѓу кои високо место има дигитализацијата на процесите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска прими делегација на Светска банка претставена од регионалната директорка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и директорот на банката за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи.

Премиерот Заев на средбата ја истакна плодотворната соработка со Светска банка во широк спектар на области од клучно значење за Северна Македонија во последните години во реформирањето и модернизирањето на сите сегменти на македонската економија.

На средбата беше нагласено дека согласно стратегијата за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка, поддршката од оваа меѓународна институција се фокусира на проектите за развој на вештини и можности, особено за најранливите категории, на проекти за подобрување на општинските услуги, на инфраструктурни проекти за подобрување на патната и железничката инфраструктура, за унапредување на социјалните услуги, за унапредување на основното образование, на проекти за енергетска ефикасност и на повеќе други.

На денешната средба една од централните теми беше соработката за зајакнување на системот за јавно здравство во пост-ковид периодот, како и поддршката на Светска банка во обезбедувањето Систем за интегрирано менаџирање на јавните финансии.

Во оваа насока, премиерот Заев на средбата истакна дека партнерството со Светска банка и блиската соработка во идниот период ќе се фокусира на процесот на дигитализација како една од системските мерки за борба против корупцијата, паралелно со поддршката на програмите за справување со сивата економија.

Извор:Влада на РСМ

Посетеност: 89
Share
Previous Post

Со натпреварот меѓу младите фудбалери на Македонија и Србија се отвора и новата трибина на Билјанини…

Next Post

„Крик за љубов“ ја отвора театарската сезона во Охрид

Next Post
„Крик за љубов“ ја отвора театарската сезона во Охрид

„Крик за љубов“ ја отвора театарската сезона во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 89

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk