Ова утро времето ќе биде претежно сончево и потопло.
Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со локална облачност, малку потопло и ветровито. Во попладневните часови во североисточните и источните предели зголемување на облачноста и услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели западен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 28 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
Во Македонија утре и во сабота ќе биде претежно сончево и потопло. Ветерот постепено ќе престанува. Утре, утринските температури ќе се движат од 5 до 14 степени, а максималните од 20 до 30 степени, а во сабота минималните температури од 6 до 15 степени, а максималните од 22 до 32 степени.
Во недела и понеделник не очекува претежно сончево време со локална облачност и ќе биде уште потопло. Во попладневните часови во североисточните и источните предели услови за развој на нестабилност и локални врнежи од дожд и грмотевици. Во недела максималните температури од 24 до 34 степени, а во понеделник од 25 до 34 степени.
Публицитет.мк