Со цел да се минимализира протокот на патници а сепак да се услужат патниците кои одат и се враќаат од работните места, сите превозници кои возат во градско-приградскиот сообраќај, почнувајќи од утре, 16 март, ќе ги редуцираат возните редови.
Од превозните компании, Галеб АД Охрид, Ина П Компани, Експрес Димакс и Бале Турс се надеваат дека ќе наидат на разбирање кај патниците, бидејќи како што велат, станува збор за сериозна и специфична ситуација во која се затекнавме сите.
Публицитет.мк