МЈП Проаква – Струга Р.Е: Водовод – Охрид ги известува сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува дека во четврток на 3 мај ќе се спроведе голема акција која предвидува измивање на цевководот и резервоарите, како и санација на поголеми дефекти и сервисирање на големи шибери во градската мрежа и поголеми индустриски објекти.
Поради комплексноста и сложеноста на активностите ќе има целосен прекин во водоснабдувањето на територијата на Општина Охрид, почнувајќи од 01:00 часот по полноќ на 3 мај па се’ до 19:00 часот вечерта.
Ги молиме корисниците навреме да се снабдат со вода за пиење и други потреби, соопштуваат од „Проаква“.
Публицитет.мк