Како да го препознаеме и цениме убавото во уметноста?!
Рубриката ќе има за цел пред се’ на јавноста да и го доближи сликарството, нашите уметнички вредности, како да комуницираме и со останатите креативни ументости и да го препознаваме убавото и пораките кои доѓаат од создадените дела. Ќе има простор за интервјуа и мини – фото галерии на дела од уметниците – соговорници, како и есеи за уметноста и запознавање со великаните на сликарството и вајарството на пример, во Македонија, на Балакнот и воопшто во светот.
Секој вторник ќе ве чека нова содржина од оваа област на тој начин се надеваме како портал дека ќе ја збогатиме понудата од областа на културата и секојдневното живеење. Заедно со галеријата Букефал ќе сме во потрага по естетското кое ќе ни ги држи очите широко отворени.
Преку воведниот текст на Љупчо Жупан Ве запознаваме со галеријата БУКЕФАЛ и нејзиниот растеж
Галерија Букефал е долгорочен проект за промоција на македонската уметност на интернационалната пребирлива сцена.
Задачата што си ја има зададено оваа фирма е дотолку со неизвесен крај поаѓајки од фактот што седиштето се наоѓа во Македонија земја со релативно низок животен стандард како база од каде што треба беспрекорно да бидат изведени сите организациони активности, но предизвикот е уште поголем верувајки во високите уметнички вредности на делата кои што се раѓаат на овој креативен простор.
Фирмата започнува со работа 1998 година првично со запознавање на целокупното ликовно творештво на овие простори вклучително и во Србија и Бугарија, посетувајки преку 400 ателјеа и нивна промоција најпрвин на домашната сцена, организирајки промотивни изложби.
После 10 годишна активност и анализа на движењето на тенденциите на сликарството на Светските ликовни салони а и на ликовниот потенцијал на сликарите со кои што соработува Галерија Букефал , доаѓа момент за сериозно излегување на светска сцена.
Букефал во 2009 година го промовира сликарството на Јордан Манасијески на Есенски Салон во Париз чија што слика од жирито е номинирана за Гран при наградата.
Следната 2010 год., Манасијески е поканет да изложува во музејот Лувр на Салонот Големите ѕвезди на утрешнината каде Галерија Букефал го претставува со сликата „Молитва за радоста“. Сликата е наградена од Јапонската асоцијација за современа уметност,истата година Манасијески изложува во Музеј Д-О во Токио и е претставен во Енциклопедија за Современо Сликарство за 2010 год., од Јапонската асоцијација за Современо сликарство.
Во 2010 година галерија Букефал го претставува сликарот Константин Качев на Салонот АРТ ЕН КАПИТАЛ во Париз каде сликата добива Бронзен медал.
Во 2011 год. Галерија Букефал го промовира Манасијески на Салонот Артех ПИЕР 94 во Њујорк и на 8-то Интернационално Биенале во Фиренца – Италија, а Константин Качев на АРТ ЕН КАПИТАЛ во Париз каде што тој е повторно награден со сребрен медал и Тејлорова награда.
Во 2012 по трет пат го промовиравме Константин Качев на АРТ ЕН КАПИТАЛ во Париз и тој е награден со Златен медал. Активностите на Галерија Букефал на домашна сцена продолжуваат со организирање на промотивни изложби и изложби со хуманитарен карактер.
Секојдневните покани од Арт салони и галерии кои ги добиваме за изложување на авторите го покажува фактот дека стратегијата на галерија Букефал е до некаде успешна со што предизвикот за успех се зголемува а задоволството да се работи тоа е уште поголемо.
Љупчо Жупан, Галерија БУКЕФАЛ – Охрид
Публицитет.мк