Вечерва членовите на ЗМСТАМ од Охрид во еден од охридските хотели го прославија меѓународниот ден на медицинските сестри, техничари и акушерки.
Вечерта беше збогатена со доделување на пофалници за најхуманите сестри, техничари и акушерки на Републичко ниво. Според информацијата која ја добивме од наши редовни читатели пофалници од охридските сестри и акушерки добија: Лена Попоска од одделението за анестезија и реанимација, Весна Најдеска од хирургија и акушерката Мира Андрееска – трите од ЈЗУ Општа болница – Охрид како и на Наташа Тасеска од ЈЗУ Кардиолошки центар – Охрид и на Игбал Салиеска од ЈЗУ Здравствен дом – Охрид.
За четири децении минат труд посебно признание и беше врачено на Љубица Златаноска од Интернто одделение при Општа болница во Охрид.
На свеченоста беа доделени и посебни одделенски признанија на вработени во Општа болница – Охрид.
Фото: Фејсбук
Публицитет.мк